ŠKODA ја промовираше "GreenFuture" стратегијата за животна средина, чија цел е да се подобри одржливоста на компанијата. Фокусот на стратегијата е производство на енергетски ефикасни возила и промовирање на поефикасна употреба на ресурсите во рамките компанијата. Производството на Škoda се насочува да употребува 25% помалку енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид и уште поголемо рециклирање до 2018 година. Ова е начинот како чешкиот автомобилски производител ќе ги исполни еколошките цели на групацијата Volkswagen до 2018 година.
ŠKODA континуирано вложува во заштитата на животната средина: Од 1991 година до сега, компанијата инвестирала повеќе од 410 милиони евра за одржливо управување со ресурсите. Еколошкото производство и енергетски-ефикасните возила имаат традиција во прозводството на брендот ŠKODA, за тоа доказ се и моделите GreenLine и Green tec. GreenLine верзијата на новата генерација на Skoda Octavia е најекономична верзија на Octavia која некогаш била произведена, со потрошувачка на дизел гориво од само околу 3,4 литри/100km и емисија на CO2 од само 89 g/km.
"GreenFuture" принципите се дел од ŠKODA стратегијата за раст 2018. Целта е да се подобрат економските перформанси и да се намали влијанието врз животната средина. Сите активности на Škoda за заштита на животната средина преку намалување на потрошувачката на ресурсите, сега се обединети и координирани преку проектот "GreenFuture".
"За да ги постигнеме нашите цели, ние ја засилуваме нашата стратегија за одржливост. Под името "GreenFuture", обединивме тим од експерти за уште поефикасна контрола на еколошките активности на Škoda "- изјави д-р Винфрид Валанд, претседателот на Škoda Auto.
"GreenFuture" тимот директно го известува управниот одбор на компанијата "GreenFuture"се заснова на три столба: GreenProduct, GreenFactory и GreenRetail. Како дел од стратегијата на компанијата за животната средина, Škoda ќе го преструктуира сопственото производство, кое ќе биде за 25% поеколошко до 2018 година. GreenFactory се фокусира, пред сè, на варијаблите како што се потрошувачката на енергија и вода, количеството на отпад кое се создава при производството на секое возило, како и емисиите на CO2 (јаглерод диоксид) и VOCs (испарливи органски соединенија)- кои се создаваат кога се бојадисуваат каросериите на возилата.
ŠKO-ENERGO, ќе го замени јагленот и ќе обезбеди греење во фабриката ŠKODA во Млада Болеслав. Ова придонесува за значајно намалување на емисијата на јаглерод диоксид при производствениот процес, за околу 45 000 тони јаглерод диоксид годишно.
Најновиот пример за заштеда на ресурси е стартот на серво – механичката преса во Млада Болеслав. Оваа нова инсталација работи поефикасно, употребува помалку енергија и претставува еден од најмодерните објекти од ваков вид во Европа. Оваа нова технологија употребува околу 15 проценти помалку енергија во споредба со старата технологија.
GreenProduct се однесува на одржливата мобилност, која во моментов е главно претставена преку моделите GreenLine и Green tec. Зголемената употребата на најмодерната технологија кај сите модели, придонесува за поефикасно работење и намалување на влијанието врз животната средина Во моментов има 48 модели на ŠKODA кои создаваат помалку од 120 g/km CO2, вклучувајќи ги и десетте возила со под 100 g/km. Флота од десет електрични автомобили моментално е на тест - Octavia Green E Line – и се прибираат податоци од истражувањето на мобилност со нула - емисија на CO2. Понатаму, најмалку 85% од деловите на сите нови возила на Škoda, ќе можат да се рециклираат.
Третиот столб е GreenRetail - еколошки дистрибутери и гаражи; аспекти кои се наречени еколошки ревизии. Тука се проверува усогласеноста со стандардите за животната средина, се наградуваат "зелените дистрибутери" и се организираат случувања како на пример "Spring Clean 2012"- кога беа собрани околу 95 тони на непотребен или остаточен материјал од магацините на сервисните партнери во Чешка, речиси 90 % од тој материјал можел да се преработи.
Вработените во ŠKODA, исто така, придонесуваат за заштитата на животната средина во слободното време. Од 2007 година, за секој автомобил купен во Чешка, вработените во Škoda засадиле по едно дрвце. Досега, засадени се околу 3 363 000 дрвја, оваа година уште 60 000 нови садници ќе бидат засадени.