Ви ја претставуваме серијата евтини 32-битни микроконтролери со мала потрошувачка на електрична енергија од само 500µA по MHz работен такт од Microchip, реномираниот производител на микроконтролери. Микроконтролерите под заедничка ознака PIC32MX5/6/7 се конципирани за едноставно поврзување по познатите протоколи етернет, CAN, USB2.0 или RS232. Овие чипови се опремени со флеш-меморија која дозволува повеќе од 20 000 циклуси читање/пишување, како и подобрени можности за EEPROM емулација.
Во овие конфигурации вградени се и од 64 до 144 KB флеш-меморија до 32 RAM меморија, пет влезни / компараторски / импулсно ширински (PWM) периферни уреди. Микроконтролерите се во минијатурно пакување од само 12 x 12 mm.
Производителот обезбедува и развојни средини за нив (starter kit) и тоа по многу пристапни цени од само 55 односно 72 долари секоја. Фабричката цена на разните модели се движи од 3,7 до 5 долари по парче.
Повеќе информации на: http://www.microchip.com.