Рубрика: Омнибус
Од ЕСА со љубов
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.02.2013 - 11:48

Вообичаено избегнуваме да пишуваме и за св. Валентин и за св. Трифун, кој како му одговара. Но бевме испровоцирани од прекрасните електронски картички кои ги нуди ЕСА по овој повод.
Картичките доаѓаат со навистина оригинални и прекрасни пораки од типот: Ти си Сонцето во мојот живот; Јас те "срце"; "Carina" значи "убава" на италијански; До крајот на времето; итн. Темата на картичката може да ги надополните со ваша лична порака / поема / што да е, во зависност од инспирацијата.
Картичките може да ги најдете на следнава адреса: http://ecard.esa.int/Valentine/