Рубрика: Електроника
Наградени од конкурсот "Претставете ги вашите конструкторски вештини"
Автор: Владимир Филевски
Објавено на 07.02.2013 - 16:02

На нашиот конкурс за презентација на самоградбите на читателите изработени според проектите од ЕМИТЕР не се јавија голем број учесници, веројатно затоа што беше релативно кус периодот од почетокот на нашиот повик па до крајот на годината. Сепак, ни пристигнаа повеќе фотографии од квалитетно и убаво изработени проекти, па жирито беше на мака кому да ја додели наградата за најубаво изработен проект.
Жирито единствено немаше проблеми за да ја додели наградата за најголем број изработени проекти – тука Јован Шикалоски од Охрид немаше никаква конкуренција. Вредниот Шикалоски изработил дури 5 проекти од ЕМИТЕР! Или, можеби изработил и повеќе, но ни испрати фотографии од "само" следниве 5 уреди: Електронска брава (E 2/2009), Тајмер со 555 (Е 9/2008), Детектор за влага (Е 11/2008), ЛЕД стробоскоп за автомобил (Е 11/2011) и Стабилизиран извор за напојување 0-30V/0-3A (Е 3/2005).
Работливиот Шикалоски за овој труд го наградуваме со едногодишна претплата на ЕМИТЕР.
Наградата (годишна претплата на ЕМИТЕР) за најдобро изработен прект ја доби Бранислав Стратров од Скопје за убаво изработениот проект "Стерео засилувач за слушалки во А класа" од ЕМИТЕР 6/2009. Тој дури и ја облагородил алуминиумската кутија со налепена фолија со имитација на структурата и бојата на фурнир.
Надвор од наградите, мораме да го спомнеме нашиот читател Мирослав Милосављевиќ од Ниш (Србија), кој изработил "Терморегулатор за лемило" (Е 12/2004). Со неговото учество овој наш конкурс неочекувано доби меѓународен карактер, за што му се заблагодаруваме.
Им се заблагодаруваме на сите останати учесници кои беа вредни и ни испратија фотографии од нивните самоградителски успеси. Веруваме дека објавувањето на нивното име покрај фотографиите од нивните изработени уреди на веб-страницата на ЕМИТЕР, на очиглед на сите посетители, се добра награда за нивниот труд. Се надеваме дека тоа ќе им даде поттик и на останатите читатели на ЕМИТЕР.
Конкурсот "Претставете ги Вашите конструкторски вештини" и понатаму продолжува! Драги читатели, ја имате на располагање целата 2013 година да ни испратите фотографии од вашите изработени уреди, но не чекајте, веднаш зафатете се со работа! Вашите фотографии ќе бидат објавени пред целата македонска јавност, потпишани со вашето име ипрезиме. За повеќе информации погледнете тука ,
а некои од останатите пристигнати фотографии можете да ги погледнете на следниве локации:
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2810
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2926
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2911
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1087
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3971
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=632
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1272
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1298
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1317
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1346
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2372
https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3228

Се надеваме дека ваквиот начин на промовирање на самоградителите ќе ги поттикне и останатите читатели и ќе го подигне општото ниво на техничка култура во Македонија.