Годината е 2200 и некоја. Се наоѓате далеку од дома на пат за надвор од сончевиот систем. Поминувате крај Сатурн и погледнувате низ прозорецот уште еднаш кон вашиот дом - Земјата. Како ли во тој момент таа би ви изгледала? За одговор на ова прашање нема да мора да чекате - роботизираното вселенско летало Касини ја направи оваа фотографија на нашата планета. На неа може да се забележи мала деформација на точката кон горниот лев агол од фотографијата. Во издвоеното квадратче на сликата е прикажана зголемената "точка", а при ова зголемување забелележливо е и мало издолжување на формата на местото каде во моментот се наоѓала нашата Месечина во орбитата на Земјата. Огромното пространството прекриено со океани на Земјата и дава на рефлексијата на сончевите зраци од нејзината површина сина боја. Нашата планета е дом на повеќе од шест милијарди луѓе и над 1027 прохлорококи, најраспространетиот организам на Земјата. Прохлорококите се цијанобактерии кои живеат во водата со необична пигментација (хлорофил b) кој има дава синкава боја.