Кога се работи за општествени медиуми (social media) поборник сум човек да се зачлени во некој медиум во кој навистина припаѓа наместо тоа да го прави во неопределени медиуми какви што се на пример Facebook или Tweeter. Со пријателите, соседите и сограѓаните гледам навистина да се сретнам на поубави и пореални места отколку што е интернетот!
Но, кога се работи за колеги и истомисленици од целиот свет, тогаш ги препорачувам специјализираните заедници каква што е TI E2E Community, заедница на електроинженери и љубители на електрониката (E2E стои за Engineers To Engineers). Во една ваква заедница човек има што да види, прочита или слушне, да поставува прашања и да бара одговори, да сподели знаење и да истражува нови идеи, како и да помогне други колеги да реализираат некој проект.
Во TI E2E Community за секого има по нешто: видеа со стручни содржини, блогови на колеги и љубители на електрониката, како и разни форуми конципирани да дадат поддршка во многу области на електрониката, како и многу работни групи и работилници на одредена тема.
Повеќе информации на: http://e2e.ti.com/.