Корпорацијата Интел го објави годишниот приход кој изнесува 53,3 милијарди долари, оперативна добивка од 14,6 милијарди, нето добивка од 11 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,13 долари. Компанијата заработила околу 18,9 милијарди долари од работењето, платени дивиденди од 4,4 милијарди долари и искористила 4,8 милијарди повторно да откупи 191 милиони акции.
За четвртиот квартал, Интел има приход од 13,5 милијарди долари, оперативна добивка од 3,2 милијарди долари и заработувачка по акција од 48 центи. Компанијата заработила околу 6 милијарди долари готовина, платила дивиденди од 1,1 милијарда и искористила 1 милијарда повторно да откупи 47 милиони акции на берзата.
"Четвртиот квартал се одвиваше како што очекувавме и продолживме успешно да работиме во средина исполнета со предизвици," изјави Пол Отелини, претседател и главен извршен директор на Интел. "Постигнавме неверојатен успех во работата во 2012 година со тоа што навлеговме на пазарот за смарт телефони и таблети, соработувавме со нашите партнери за повторно да го создадеме компјутерот и ги продолживме иновацијата и развојот на центрите за податоци. Започнуваме со 2013 година, имаме цврста линија производи кои ќе ги донесат иновациите на Интел низ целиот спектар на програмирање".
За дополнителни информации во врска со резултатите на Интел и деловната перспектива, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm.
Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и таа ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 15-ти март, освен ако не се ажурира порано;