Зависноста од интернет е нарушување обележано со неконтролирана употреба на интернет, а предизвикува реакции во мозокот слични на зависност од дрога или алкохол. Истражувачки тим од Кина, предводен од д-р Хао Леи, спровел истражување во кое биле скенирани мозоците на 35 момчиња и девојчиња на возраст од 14 до 21 година. 17 од нив биле класифицирани како зависници од интернет.
Снимките на мозокот покажале промени во белата маса од мозокот на зависниците од интернет. Иста промена на бојата имале и зависниците од дрога и алкохол. Нивниот заклучок е дека зависноста од интернет е штетна за здравјето колку што е штетна која било друга зависност. Таа може негативно да влијае на емоционалната енергија, на концентрацијата, на донесувањето правилни одлуки, како и на другите когнитивни способности. Многу поздраво е да се читаат книги.
За жал, голем број луѓе се толку преокупирани со секојдневните обврски што речиси немаат време да прочитаат некоја книга. Многумина се опуштаат со гледање филмови, серии, со интернет или со видеоигри. Меѓутоа, многу подобро е да се опуштаат со читање, бидејќи читањето, покрај проширување на знаењата и збогатување на речникот, е добро и за здравјето.
Еве некои придобивки од читањето книги:
• Тренирање на мозокот;
• Со читање се вежба и мозокот и умот. Читањето му помага на мозокот полесно да ги извршува своите функции;
• Ослободување од стрес;
• Со читање организмот се смирува и се ослободува од стрес, особено ако се чита пред спиење;
• Се намалува ризикот од нарушувања на мозокот;
• Со читање мозокот постојано се стимулира, и на тој начин се спречуваат одредени нарушувања како што е, на пример, Алцхајмеровата болест;
• Помага да заспиете;
• Ако сте се навикнати на читање пред спиење, телото добива сигнал дека е време за спиење и лесно заспивате. Читањето помага за цврст сон и организмот добро да се одмори;
• Поголема концентрација;
• Луѓето сакаат да читаат бидејќи на тој начин остануваат фокусирани и сконцентрирани на одредени работи, а исто така читањето им помага да донесуваат подобри, правилни и објективни заклучоци и одлуки;
• Го подобрува расположението
• Читањето предизвикува разни емоции и го релаксира човечкиот организам. Читањето и смеењето се најдобри превентивни лекови за сите болести.
Сето ова го знаете... нели, читатели? Истражувањето е објавено во списанието PloS ONE.