Способноста на некои луѓе во неограничени количества да јадат чоколада и колачи, без да добијат вишок килограми, предизвикува завист кај многумина, но научниците докажале дека брзиот метаболизам има и негативна страна. Во истражувањето е докажано дека луѓето со брз метаболизам живеат пократко од луѓето чиј метаболизам побавно ги согорува калориите. Американските научници од Националниот институт за здравје спровеле студија на 600 волонтери и откриле дека забрзаниот метаболизам истовремено го забрзува и процесот на стареење.
За потребите на истражувањето научниците во текот на 21 година ги споредувале метаболизмот и животниот век на 652 Индијанци од Аризона, припадници на племето Пима, и мереле колку бргу нивниот метаболизам ја претвора храната во енергија во текот на 24 часа. Тимот научници заклучиле дека Индијанците со побрз метаболизам живеат пократко.
Забрзаниот метаболизам многу лесно може да доведе до прерано оштетување на органите.
Научниците велат дека луѓето со бавен метаболизам имаат поголем ризик од срцеви болести, рак и мозочен удар.