Рубрика: Геологија
Дали животот на Земјата го донеле кометите?
Автор: Ирена Кацеска
Објавено на 09.01.2013 - 11:55

Научниците од НАСА направиле симулирација на удар на комета во Земјата. На овој начин тие демонстрирале дека аминокиселините, кои претставуваат основа за развојот на животот, можеле да ги преживеат интензивната топлина и ударните бранови кои настануваат при ударот на ова тело.
Комбинацијата од вода, енергија и аминокиселини, кои заедно ги сочинуваат протеините, можела да ја предизвика првата хемиска реакција и да ги создаде протеините, сметаат научниците.
Презентирајќи ги своите откритија на состанокот на Американското хемиско здружение, тие велат дека кометите, астероидите и метеорите, кои во долг временски период пристигнувале на праисконската Земја, можеле со себе да донесат големи количини од овие состојки. Кометите, гигантските топки замрзнат гас, прав и камења со дијаметар до 16 километри, кружат околу Сонцето во појас оддалечен и од најдалечните планети, но повремено се ослободуваат и се движат директно кон нашиот Сончев систем.
Постоечките докази укажуваат дека животот на Земјата започнал пред околу 3,8 милијарди години, за време на периодот познат како доцно тешко бомбардирање, односно late heavy bombardment, кога планетата била погодена од голем број комети и астероиди. Се верува дека пред тоа време, атмосферата на Земјата била премногу жешка за преживување на што било, и се среќаваат оскудни докази за постоење вода или аминокиселини.
За да ја тестираат својата теорија, истражувачите користеле огромни гасни топови за испалување гас под висок притисок на капсули од аминокиселини, вода и останати материјали со неверојатно големи брзини. Аминокиселините не се оштетиле во експериментот во кој го имитирале ударот на кометите и дури создале врска која ги обединува во протеини што овозможиле продолжување на животот.
Д-р Џенифер Бленк, која ја предводела студијата, смета дека студијата покажува дека огромните градежни блокови на животот може да останат недопрени и покрај огромните ударни бранови и други насилни состојби кои што се јавуваат при ударот на кометите.
Кометите навистина би биде идеални пакети за доставување состојки за хемиската еволуција, за која се верува дека е причина за живот. Сценариото за испорака преку кометите е фантастично поради тоа што ги вклучува сите состојки за живот – аминокиселините, водата и енергијата.