Иако не е петок, еве една информација која сигурно ќе ве орасположи.
Замислете ја следнава сцена: Сте се завалиле во вашата омилена фотелја, затемнета атмосфера, само вие и вашето PC со вашата омилена игра. И тамам доаѓате до последното ниво... пад на системот! Што сега? Не можете или не знаете да одредите каде се крие проблемот, ниту пак што треба да преземете за да го надминете? Не очајувајте!
Од thinkgeak уште еднаш ви излегуваат во пресрет со нивното "генијално" решение за компјутерска дијагностика – PC Dice diagnostic system или Дијагностички систем на PC-коцки. "Интелигентниот" дијагностички систем е мудро преправен во вид на најобични коцки, точно три на број, секоја во различна боја. Секоја од трите акрилни коцки на секоја од страните посочува по еден проблем, виновник за проблемот и едно можно решение. Сè што треба да направите е да ги свртите коцките и тие ќе ви го дадат одговорот за вашиот проблем. И да не дојдете до вистинското решение, секако дека добро ќе се забавувате додека не дојде личноста на која најчесто £ се јавувате како експерт за ИТ-поддршка.
Овој "високософистициран" дијагностички систем е достапен преку сајтот на thinkgeak и може да биде ваш по неверојатна цена од само 20 долари ;-).