Рубрика: Информатика
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 14.11.2012 - 16:59

Компанијата ХП ги откри деталите за својата соработка со Universal Music, најголемата светска музичка групација, а кои се однесуваат на регионот на ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка). За да го прослават лансирањето на новата услуга HP Connected Music, каде може да се најдат ексклузивните награди и содржини, двете компании одлучија да ги здружат своите сили и да овозможат настан на глобално ниво во кој го претстави групата No Doubt. Приватниот концерт на групата No Doubt се одржа во париската сала La Maison de la Mutualité. Тоа беше единствениот нивен настап во живо оваа година во Европа, прв настан благодарение на партнерството помеѓу ХП и групацијата Universal Music.
Услугата HP Connected Music е достапна во регионот EMEA за сите десктоп и лаптоп компјутери од HP, со оперативен систем на Microsoft Windows 8, и на љубителите на музиката им нуди сосема нов начин за уживање во музиката од некои од најпопуларните музичари во светот.
Концертот на групата No Doubt беше прв во низата од приватни настапи кои ХП ги планира со уметниците застапувани од Universal Music во Европа. Платформата HP Connected Music, за компјутерите од ХП опремени со Windows 8, на корисниците им овозможува пристап до ексклузивно ВИП искуство, како и можност да присуствуваат на настани со некои од нивните најомилени музички уметници во текот на наредната година.
Покрај ова корисниците можат да пристапат и до ексклузивните содржини од HP Music Rewards Packages преку модулот за активација од HP Connected Music, кој е веќе инсталиран на компјутерите на ХП со Windows 8 за домашни корисници. Инаку HP Music Rewards Packages се состои од неколку сегменти:
- HP Private Events: опција која овозможува пристап до ексклузивните содржини со настапи во живо на музичарите кои ги застапува Universal Music;
- Music Experiences: опција која на корисниците им дава можност да доживеат искуства кои не се купуваат со пари, како, на пример, ексклузивни средби со уметниците, посета на музички студија или, пак, можност да имаат средба во ресторан со некои од популарните музичари;
- VIP Pack Trips: ексклузивнa ВИП можност за посета на музичките sвезди, со покриени трошоци за патот и сместувањето.
Преку сервисот на HP Connected Music корисниците на новите HP компјутери опремени со Windows 8 добиваат можност за користење и на голем број други ексклузивни услуги, вклучувајќи бесплатен стриминг пристап до содржините од целиот каталог на групацијата Universal Music за период од 90 дена. Инаку овој каталог се смета за најсеопфатен во музичката индустрија. Во исто време, корисниците на компјутерите HP Spectre и HP Envy опремени со Windows 8 имаат можност за бесплатно симнување на 10 mp3 датотеки месечно, во период од 90 дена.
Повеќе информации на www.hp.com