Корпорацијата Интел го претстави новиот копроцесор Intel Xeon Phi, кој претставува кулминација на сите години поминати во истражување и соработка со цел да се воведе неспоредлив перформанс за иновативни откритија и пробиви во производството, природните науки, енергетиката и други области. Способноста за брзо процесирање, симулирање и донесување доследни одлуки го поттикна развојот на процесирањето со високи перформанси (HPC) и аналитиката. Ова е инспирирано од глобалните деловни и истражувачки приоритети за попрецизно да се предвидат временските услови, да се создадат поефикасни енергетски ресурси и да се пронајдат лекови за болести како едни од поитните прашања. Со новиот Intel Xeon Phi копроцесор се очекува индустријата да добие уште поголема прецизност во изнаоѓањето на точни одговори и да помогне во проширување на процесирањето со високи перформанси и надвор од лабораториите и универзитетите за достигнување на максимална продуктивност.
Заснован на повеќејадрена архитектура (Intel Many Integrated Core – Intel MIC), Intel Xeon Phi копроцесорите ќе го надополнат семејството производи Intel Xeon E5-2600/4600. Производите Intel Xeon E5 процесираат со високи перформанси и се дел од голем број Топ 500 системи (1 квадрилион операции со реални броеви во секунда). Сега кога Intel Xeon Phi производите преземаат поголем дел од "високо паралелното" процесирање за да им помогнат на суперкомпјутерите да дојдат до одговори за голем број научни и технички дисциплини како што се генетичко истражување, нафта, гас и климатско моделирање, Интел верува дека оваа моќна комбинација ќе отвори пат кон ексаниво на процесирање што може да значи илјадакратно зголемување на способностите за процесирање над "петаниво".
Intel Xeon Phi копроцесорите ги користат познатите програмски јазици, модели, техники и алатки достапни за Интел архитектурата. Интел обезбедува и софтверски алатки за да им помогне на научниците и инженерите да ги оптимизираат своите програми и кодови и целосно да го искористат потенцијалот на Intel Xeon Phi копроцесорите, како на пример Intel Parallel Studio XE и Intel Cluster Studio XE. Овие алатки, кои се достапни од денес, им помагаат на апликациите да имаат придобивки од десетици Intel Xeon Phi копроцесорски јадра и од поефективната употреба на низите на Intel Xeon процесорот Ова се постигнува преку користење на истите програмски модели и јазици со Intel Xeon Phi копроцесорите и Intel Xeon E5 процесорите.
Направени со најнапредната 22 нанометарска, 3Д, 3 портна технологија, Интел ги престави двете нови семејства производи кои овозможуваат оптимални и перформанси по ват електрична моќност.
Семејството прозводи Intel Xeon Phi 3100 ќе биде од голема важност за оние кои работат со научни апликации и финансиски симулации. Од Интел велат дека овие производи ќе понудат повеќе од 1000 Gigaflops (1 TFlops) со двојна прецизност, поддршка од 6GB меморија на 240GB/sec и серија карактеристики како кодови за поправка ја грешки – memory error correction codes (ECC).
Семејството производи Intel Xeon Phi 5110P овозможува дополнителни перформанси со помала потрошувачка. Достигнува 1,011 Gigaflops (1.01 TFlops) и поддржува 8GB од GDDR5 меморија на 320 GB/sec. Intel Xeon Phi 5110P овозможува енергетска ефикасност што е идеална за набиени компјутерски средини и е наменето за работа како што е создавање на дигитални содржини и енергетско истражување. Овој процесор е испорачан на одбрани потрошувачи и се наоѓа на 40-тото издание на списокот на најдобри 500.
За да овозможи поран пристап до новата Intel Xeon Phi технологија за потрошувачи како што е Центарот за напредно процесирање во Тексас (TACC), Интел понуди и дополнителни производи направени по мерка како: Intel Xeon Phi SE10X и Intel Xeon Phi coprocessor SE10P. Тие нудат 1073 GFlops за 300W TDP.
Повеќе од 50 производители дизајнираат решенија базирани на Intel Xeon Phi копроцесорите, меѓу кои и Acer, Appro, Asus, Bull, Colfax, Cray, Dell, Eurotech, Fujitsu, Hitachi, HP, IBM, Inspur, NEC, Quanta, SGI, Supermicro и Tyan.
Професорот Стивен Хокинг и лабораторијата Космос на Универзитетот во Кембриџ добија предвремен пристап до технологијата на Intel Xeon Phi копроцесори за да ја употребат во својот SGI суперкомпјутер. "Ми претставува задоволство што нашиот нов COSMOS суперкомпјутер од SGI ја содржи последната повеќејадрена технологија на Интел, односно Intel Xeon Phi копроцесорите," изјави Хокинг. "Со нашиот моќен и флексибилен SGI UV2000, може да продолжиме да се фокусираме на откритија, предводејќи ги глобалните напори за напредок во разбирањето на нашиот универзум."
Повеќе од 75% (379 системи) од суперкомпјутерите на 40-тото издание на Топ 500 списокот користат Интел процесори. Од системите кои за прв пат се наоѓаат на овој список, Интел се јавува кај 91%. Ноемвриското издание на списокот содржи седум системи со Intel Xeon Phi копроцесори вклучувајќи ја првичната распределба на системот "Stampede" на TACC (2,66 PFlops, на 7-мо место); системот "Discover" на НАСА центарот за симулација на клима (417 TFlops, 52-ро место); Intel "Endeavour" системот (379 TFlops, 57-мо место); "MVS-10P" суперкомпјутерот на Заедничкиот центар за суперкомпјутери на Руската академија на науки (375 TFlops, 58-мо место) "Maia" системот во истражувачкиот центар на НАСА (212 TFlops, 117-то место); "SUSU" системот на Државниот универзитет South Ural (146 TFlops, 170-то место); и суперкомпјутерот "Beacon" на Националниот институт за компјутерски науки на Универзитетот во Тенеси (110 TFlops 253-то место) кој е исто така компјутер со најмала потрошувачка на енергија на списокот со 2.44 GFlops по ват. Целиот извештај е достапен на www.top500.org.
Intel Xeon Phi 5110P копроцесорот се испорачува денес со достапност од 28-ми јануари и препорачана цена од 2649 долари. Производите на Intel Xeon Phi 3100 ќе бидат достапни во текот на првата половина од 2013 година со препорачана потрошувачка цена од 2000 долари. Дополнителни информации околу достапноста и нарачувањето на копроцесорите може да најдете на www.intel.com/xeonphi.