Рубрика: Информатика
Snapfish од ХП со нови услуги за печатење во движење
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 08.11.2012 - 12:01

Новата опција им овозможува на корисниците да нарачаат отпечатоци директно од нивниот iPhone кои потоа можат да ги преземат во најблискиот продажен салон

Snapfish од ХП денес ја најави новата можност за печатење во движење – "Prinst on the Go", новата опција на Snapfish апликацијата за iPhone која им овозможува на корисниците да порачаат отпечатоци директно од нивниот iPhone за потоа да ја преземат нивната нарачка во продажен салон по нивен избор.

“Иако фотографирањето со камерата од вашиот iPhonе е убав начин да се забележат спомените каде и да се наоѓате, ние знаеме дека на многу од нашите корисници им е значајно да бидат во можност да поседуваат и да ги споделат испечатените фотографии со пријателите и семејството како драгоцен спомен ,” изјави Хелен Вејд, генерален менаџер на Snapfish од ХП. “Со новата опција на Snapfish print-to-retail на корисниците им е олеснето и подостапно отклучувањето и споделувањето на овие спомени, преку можноста на едноставен начин да ги подигнат на нивните отпечатени фотографии во продавница.”

Корисниците сега лесно можат да направата нарачка за печатење на нивните фотографии преку нивната Snapfish апликација за iPhone. Сè што треба да направат е да се пријават преку нивната Snapfish корисничка сметка или, пак, да се регистрираат со нова ваква сметка, потоа да ја направат нивната порачка и да платат при подигнување на отпечатоците на наведените локации кои во САД ги вклучуваат и синџирите од големи маркети на Волмарт (Walmart) и Волгринс (Walgreens).
Со употреба на технологијата за одредување на локацијата, апликацијата автоматски ја прикажува најблиската продавница каде што корисникот уште истиот ден ќе може да си ги подигне отпечатоците кои се достапни во димензии од 10 x 15 cm (4 x 6 инчи) или 13 x 18 cm (5 x 7 инчи). Надградената Snapfish апликација за iPhone истовремено го олеснува и разгледувањето и организирањето на фотографиите во самата корисничка сметка.
Snapfish апликацијата може да се надгради или симне без дополнителни трошоци од он-лајн продавницата на Апл Apple App Store а работи и на iOS 6. Корисниците на Snapfish апликацијата можат значително да заштедат на меморискиот простор на нивниот телефон со употрева на Snapfish албумите, кои нудат моментални "качувања" од камерата на нивниот iPhone уред до безбедно место со неограничена меморија за складирање на фотографиите.
Дополнителни информации за апликацијата Snapfish за iPhone и мобилните понуди, вклучувајќи надградви и "симнувања" достапни се на www.snapfish.com/snapfish/mobile