Новата серија Intel® Solid-State Drive 335 ја содржи најмалата и најефикасна NAND флеш ќелија на пазарот. Овие дискови нудат подобрување на целокупното работење на компјутерот, ја зголемуваат продуктивноста на апликациите и другите активности при процесирање како што се, на пример, пребарувањето на интернет, гледањето филмови, услугите за видеоконференции итн.
Серијата 335 на Интел е претставена со SATA диск кој нуди достапност со брзини од 6 гигабајти во секунда (Gb/s). SSD технологијата може да го замени традиционалниот, побавен хард диск (HDD), овозможувајќи му на корисникот побрз пристап до неговите документи и програми. Интел SSD 335 има капацитет од 240 гигабајти (GB) складиштен простор, кој го чита последователно со брзина од 500 мегабајти во секунда (MB/s), а брзината за правење на последователни записи изнесува 450 MB/s, овозможувајѓи им на корисниците комбинација од врвен перформанс и квалитет од Интел по поволна цена.
Производот е првиот диск на Интел кој ја користи најновата 20 нанометарска NAND флеш меморија која е заеднички производ со Интел/Микрон флеш технологија (IMFT). Беше најавена во април, а испораката започна во декември 2011 година. Оваа NAND технологија користи структура на ќелиите која овозможува поагресивно скалирање на ќелиите за разлика од конвенционалните архитектури. 20нанометарската 64Gb NAND меморија користи рамна структура на ќелиите, прва од ваков вид, за да ги надмине потешкотиите кои се јавуваат со напредни технологии и со тоа овозможуваат добар перформанс и доверливост на исто ниво како претходната 25 нанометарска генерација. Рамната структура на ќелиите успешно ги надминува скалабилните ограничувања на стандардната NAND портна ќелија со интегрирање на првиот Hi-K/metal gate stack со NAND производство.
Покрај квалитетот и вредноста, Интел SSD 335 доаѓа и со најдобри перформанси во својата класа. Според направените мерења за влезни / излезни операции во секунда (IOPS - I/O (input/output operations per second) користејќи 4KB IOPS, Интел SSD 335 чита до 42,000 IOPS и запишува со 52,000 IOPS. Достапен во 2,5 инчен форм фактор во 9,5мм кејс, тој е брза замена за конвенционалниот хард диск. Со 3 годишна гаранција, Интел SSD 335 серијата од денес е достапна ширум светот.
За сите оние кои ќе купат Интел SSD диск, достапен им е и Intel® SSD Toolbox со Intel® SSD Optimize, бесплатна услуга за корисниците на Microsoft Windows* што им овозможува моќен сет од менаџерски, информациски и дијагностички алатки за одржување на здравјето и перформансот на дискот. Достапен е во 11 јазици и е компатибилен со Windows* 8. За да си ја олеснат инсталацијата, сите Интел SSD корисници може да го преземат бесплатниот софтвер-Intel® Data Migration Software што ќе им помогне да ги клонираат сите содржини од претходниот диск (SSD или HDD) на кој било Интел SSD диск.
За повеќе информации околу Интел SSD посетете ја веб-страницата www.intel.com/go/ssd или следете не на твитер (@intelssd), фејсбук (www.intel.com/go/ssdfacebook или communities.intel.com).