Рубрика: Информатика
Интел Капитал инвестира во Ерудитор груп
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 26.10.2012 - 14:54

Интел Капитал (Intel Capital) , водечката организација на Интел за инвестирање, спојување и аквизиција, објави дека предводи инвестиција вредна 4 милиони долари во Ерудитор, со седиште во Москва, снабдувач на онлајн пазари за хонорарни работници и фирми. Руна капитал се придружи на Интел капитал во оваа инвестиција. Ерудитор ќе ја искористи оваа инвестиција во проширување на тимот и развој на постоечките и создавање на нови сегменти на пазарот.
Ерудитор груп е основана во Москва во 2006 година и е растечка компанија за е-трговија која нуди онлајн пазари во различни области како здравје, убавина, обучување, инструктори за спорт итн. Ерудитор нуди сеопфатно пребарување, преглед и систем на рангирање што им помага на корисниците да го пронајдат соодветниот човек или компанија во зависност од нивните потреби. Ерудитор во моментот работи под неколку брендови како Infodoctor.ru, Krace.ru и Vash–Repetitor.ru, кои нудат услуги на професионалци и фирми во сите поголеми градови во Русија, Украина и Казахстан.
"Пробивањето на фирмите и хонорарните професионалци онлајн и обезбедувањето целосна инфраструктура за рекламирање на нивните услуги е најголем овозможувач на претприемништво и онлајн трговија," изјави Арвинд Содхани, претседател на Интел капитал и извршен потпретседател на Интел. "Ни претставува задоволство да ја примениме нашата експертиза и глобална мрежа и да и помогнеме на компанијата Ерудитор да ги искористи одличните можности кои ги нудат руските пазари."
Кристијан Моралес, потпретседател на Интел и генерален менаџер на Интел за Европа, Блискиот Исток и Африка додаде: "Интел е посветен на обезбедување најдобро можно образовно искуство за професорите и учениците преку инфраструктура, содржина и уреди, споделување на најдобри методи, како и тековна инвентивност во учењето и предавањето во светски рамки. Сегментот за подучување на Ерудитор соединува повеќе од 90 илјади предавачи од Русија и Комонвелтот на независни држави."
"Тимот на Ерудитор со огромно задоволство ги прифаќа Интел Капитал и Руна како инвеститори," изјави Егор Руди, главен извршен директор и еден од основачите на Ерудитор. "Едвај чекам заедно да ја прошириме нашата фирма и да привлечеме нови потрошувачи и области и да ја примениме експертизата на нашите инвеститори во развивање на компании за е-трговија во Русија и на глобално ниво."
"Сега имаме се што ни е потребно за да го обезбедиме најдоброто искуство на нашите потрошувачи: финансирање со силно локално присуство, талентиран тим со желба за водење во областа на пазари за хонорарни работници и мали и средни претпријатија. Инспирирани сме од глобалниот успех на Интел Капитал и од искуството на основачите на Руна за изградба на одлични компании со руско потекло." изјави главниот директор за технологија и основач на Ерудитор, Сергеј Кузнецов.
Инвестицијата во Ерудитор следува по неодамнешните инвестиции на Интел Капитал во KupiVIP и Sapato (малопродажник за е-трговија во Русија, специјализиран за обувки, кој неодамна беше откупен од Озон). Покрај овие инвестиции во водечки фирми за е-трговија во Русија, работата на Интел капитал во регионот ги опфаќа и Speaktoit (мобилен асистент ), Altergeo (мобилна социјална мрежа), Rock Flow Dynamics (софтвер за претпријатија) и DeNovo (cloud услуги).
Тимот на Интел Капитал за инвестицијата во Ерудитор беше предводена од Максим Красник, кој заедно со Игор Табер се дел од поголем регионален тим предводен од Марцин Хејка, директор на Интел Капитал за источна Европа, Блискиот Исток и Африка.