На првиот Меѓународен ден на девојката на Обединетите Нации, 11 октомври 2012 г., корпорацијата Интел ја прошири глобалната посветеност за унапредување на образованието за девојките и жените преку објавување на повеќе стратешки партнерства и програми. Милиони девојки низ целиот свет имаат ограничен или никаков пристап до образование. Интел верува дека поголем пристап до образованието за девојки и жени значително ќе го забрза општествениот напредок и ќе помогне да се поттикне економскиот развој низ целиот свет.
Клучниот ангажман на Интел е со 10 по 10 (10x10), глобална кампања која бара да се подобри образованието и да им се зголеми моќта на девојките низ светот. “Girl Rising,” е филм, кој е целнтралното дело на оваа кампања и вој кој се откриваат неверојатни приказни за вистински девојки кои се справуваат со речиси безизлезни ситуации на патот до образование. Премиерата е закажана за месец март и документарецот само истакнува колку е важно да се инвестира во девојките и има за цел да ги подигне свесноста и емпатијата за луѓето да преземат нешто.
За да се продлабочи моќната порака на “Girl Rising” Интел соработува со влијателни партнери и изготвувачи на политики да ги претстават економскиот развој и предизвиците на политиките со кои се соочуваат девојките низ светот. Истражувањата постојано покажуваат дека образованието на девојките го нарушува циклусот на генерациска сиромаштија. На пример:
- Кога за 10% ќе се зголеми бројот на девојчиња кои одат на училиште, бруто домашниот производ на државата се зголемува за 3%.
- Девојките и жените повторно инвестираат 90% од нивните приходи.
Со пристап до технологија, стипендии и програми на заедниците, Интел им нуди можности на девојките и жените за квалитетно образование и личен развој. Програмите на Интел им го овозможува на жените пристапот до информации кои им е потребен да бидат врвни. Со вештини потребни за 21-от век и новосоздадено високо ниво на самодоверба, девојките и жените ќе може да ги развиваат своите идеи и сами да си ги променат животите. Покрај 10x10, влијателни програми на Интел се и:
- Интел учење: Програмата Интел учење уч им нуди можности на млади ученици од земјите во развој да се стекнат со клучни вештини кои им се потребни за успех во иднина, со акцент на технологијата, решавање проблеми и соработка. Иницијативата која вклучува повеќе од 900 000 девојчиња и млади девојки од 18 земји во светот од основањето во 2004 година досега.
- Интел обука: Оваа глобална програма им ги овозможува алатките кои им се потребни на наставниците во основните училишта, вклучувајќи обука за новата генерација технологии со цел да станат подобри едукатори и полесно да допрат до животите на нивните ученици. До денес, Интел има обучено повеќе од 5 милиони наставнички низ светот.
- Интел лесни чекори: Основана е во 2010 година и оваа програма за технолошка писменост нуди обуки за возрасни жени во областа на претприемништво и бизнис вештини што им овозможува да напреднат на професионално поле и да ги пребродат бариерите до личен економски развој. До денес, Интел лесни чекори има допрено до 95 000 жени во 20 држави низ светот.
- Интел компјутерска мрежа Clubhouse: Intel Computer Clubhouse Network нуди програма за учење, после училиште, во рамките на заедниците за девојчиња и момчиња со помалку можности да истражуваат идеи, да развиваат вештини и да ја зајакнуваат самодовербата преку користење на технологија. Оваа програма има вклучено повеќе од 25 000 млади луѓе преку 100 клубови во 20 држави.
- Ashoka Changemakers: Интел и Ashoka Changemakers го започнаа натпреварот „Таа ќе создава: Технолошки решенија кои ги збогатуваат животите на девојките,“ во кој можат да учествуваат иноватори од секаде. На 14-ти ноември ќе се доделат награди вредни повеќе од 30 000 долари за оние со најиновативните дигитални технологии кои им овозможуваат на девојките да го живеат животот поздраво, попаметно и позначајно. Јавните гласања започнуваат токму денес.
- Ashoka Fellows: Интел склучи партнерство со Ashoka за програматаAshoka Fellows која спонзорира општествени претприемници и поширока заедница на луѓе кои носат промени со иновативни технолошките решенија со цел да работат на проблемите со кои се соочуваат жените и девојките.
- Half the Sky Movement: Интел ја поддржува играта Half the Sky Movement: The Game, која бара подигнување на свеста и да поттикне преземање некакви мерки за претворање на потиснувањето во можност за напредок на жените и девојките во светот. Играта ќе се појави на 13-ти ноември на фејсбук.
- Програмирање за добро: Преку иницијативата „Code for Good“ вработените на Интел соработуваат со партнерите на Интел, вклучувајќи ги Room to Read и World Pulse за да развијат мобилни апликации и решенија кои се справуваат со предизвиците на девојчињата во процесот на образование.
- Партнерство за еднаква иднина: За да се продлабочи посветеноста на Интел да ги унапреди девојките и жените преку образование, Интел ја поддржува иницијативата на Државниот секретар Хилари Клинтон „Equal Futures Partnership“ во која Интел го проучува јазот помеѓу половите кога станува збор за пристап и користење на интернет.