Неодамна два тима на истражувачи објавија дека идентификувале три нови гени поврзани со Алцхајмеровата болест. Тие постојано набљудувале други 12 генетски варијанти на гени како пример за понатамошни студии и истражувања. Досега биле познати само четири гени кои се поврзани со Алцхајмеровата болест, болест од која се заболени повеќе од 5 милиони Американци. Во светот бројките се многу поголеми.
За да се лоцираат новите гени, двете групи правеле истражувања барајќи ги разликите меѓу ДНА на луѓе кои имаат Алцхајмерова болест и оние кои немаат. Епидемиологот Филип Амујел од Институтот Пастер во Лил, Франција, и неговите колеги дошле до гени наречени CR1 и CLU. Прецизната функција на овие гени е непозната, но претходното истражување сугерира дека тие можеби се вклучени во отстранување на протеински фрагмент од мозокот, наречен бета-амилоид. Кај луѓе болни од Алцхајмер, бета-амилоидните молекули се собираат заедно и формираат деструктивни протеински плочки.
Другиот тим, предводен од медицинскиот физиолог Џули Вилијамс од Универзитетот Кардиф во Велс ги забележал истите CLU гени и идентификувал други гени поврзани со Алцхајмер - PICALM. Се смета дека овој ген помага да се одржи здравјето на синапсите, точките на поврзаност помеѓу невроните, и, исто така, тој можеби ги регулира бета-амилоидните нивоа во мозокот.
Овие пронајдоци одбележуваат "за првпат некој нов Алцхајмер ген да биде идентификуван во општо-геномските студии", вели генетичарката Алисон Гоут од Вашингтонскиот универзитет, која е една од коавторите на Вилијамс. Претходните студии проучувале мал број луѓе за да се потврдат веќе познатите генетски ризични фактори. Лоцирањето на новите Алцхајмер гени ќе помогне во напорите за разбирање на хемиските процеси кои водат кон болеста и можат евентуално да го одредат патот кон ефективните лекови за да ја држат болеста под контрола.