По 33. пат во континуитет од 1980 година во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ, се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво, МАКИНОВА.
Затоа СПАТУМ ги повикува производните компании, научноистражувачките организации, факултетите, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на млади техничари и природници да учествуваат на најголемата манифестација во Македонија на инвентивното, креативно творештво – МАКИНОВА 2012 .
Со своето присуство бидете дел од традицијата, бидете дел од инвентивното движење во Македонија. Искористете ја единствената можност да ја промовирате и да ја афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн, трговска марка.
За учество на оваа изложба можете да се пријавите на адресата: СПАТУМ, Градски Ѕид блок 5, 1000 Скопје, Република Македонија, П.ФАХ 14. Или обратете се на тел.: (02) 32 38 357 и на е-mail: makinovaskopje@yahoo.com, или посетете ја интернет страницата на СПАТУМ: http://www.atcm.org.mk
Изложбата ќе се одржи, во склоп на саемот ТЕХНОМА 2012, во периодот од 16 до 20 октомври оваа година.