ХП неодамна ја претстави новата линија на персонални компјутери за широка потрошувачка и додатоци создадени за работа со Microsoft® Windows 8. Линијата е совршена за технолошки едуцираните корисници кои се љубители на извонредните перформанси и дизајн за поволна цена.
ХП исто така додаде во неговото комерцијално портфолио и нови бизнис десктоп и ноутбук персонални компјутери опремени со најновиот АМД процесор. Новата серија А на процесори од АМД со ознака APU (Accelerated Processing Unit) – Единица за забрзана обработка на податоци – носи значаен скок во доменот на графичките перформанси споредено со претходната генерација. Покрај ова APU нуди и исклучителна управливост и прифатлива цена на чинење.
Персоналните компјутери HP Pavilion Sleekbook 14 и Pavilion Sleekbook 15 овозможуваат едноставност, стил и продуктивност.
Тенките и лесни Pavilion Sleekbooks се достапни во металик црна боја, се одликуваат, соодветно, со 14-инчен и 15,6-инчен екран со висока дефиниција, а нудат и до еден терабајт складиштен простор за филмови, музика и фотографии. Батеријата која се вади нуди и до шест часа работа со компјутерот, додека ХДМИ, УСБ 3.0 и УСБ 2.0 приклучоците овозможуваат широк спектар на поврзливост со мобилните уреди и додатоци. Pavilion Sleekbook 15 вклучува и нумеричка тастатура за зголемена продуктивност.
Sleekbooks компјутерите доаѓаат со HP TrueVision HD веб-камери, дополнителна NVIDIA дискретна графика, Dolby Advanced Audio кои се совршени за социјалните мрежи, видео-разговори и создавање и консумирање на содржини. Тие се одликуваат со ексклузивни ХП иновации, вклучувајќи ги и HP CoolSense за забележливо поладен компјутер и HP ProtectSmart за дополнителна заштита на хард-дискот. HP Connected Photo им овозможува на корисниците пристап до фотографиите од еден едноставен интерфејс.
За повеќе информации посетете ја www.hp.com