Компанијата HP објави дека агенцијата за истражување на пазар ИДЦ изјави дека HP, за прв пат на американскиот пазар, има најголем пазарен удел во категоријата на работни станици и дека во текот на второто тромесечје оваа година во истата категорија ја забележа водечката позиција на светскиот пазар.
Во текот на претходните тромесечја пазарниот удел на HP значајно порасна, како и достигнувањето на уделот од 47,6 насто во сегментот на работните станици во САД. HP и понатаму останува светски предводник во категоријата на мобилните работни станици со пазарен удел од 41,8 насто, а водечки е и во мешаната категорија на работни станици, со удел од 46,2 насто, стои во извештајот на „IDC Worldwide Workstation Tracker" од 8-ми август оваа година, а за овогодинешното второ тромесечје.
Уделите во регионот на ЕМЕА (Европа, Среден Исток и Африка) исто така се поголеми од оние во САД и во светот: 49,4 насто изнесуваат уделите во мешаната т.е. 50,3 насто во категоријата на мобилните работни станици.
Работните станици на HP ја задоволуваат потребата на некои од најбараните индустрии како работа со компјутери, вклучувајќи ја анимацијата, филмската и видео монтажа, графички дизајн, компјутерски дизајн, архитектура, фотографија, HD видео продукција, производство, финансии, здравство, научна фотографија како и нафтено и плинско истражување.
На почетокот на оваа година HP ја претстави најновата колекција на наградувани работни станица HP Z и мобилни работни станици HP ЕлитБук, вклучувајќи ги и првите се во едно работни станици во светот со 27 инчен екрен HP Z1. Освен тоа, корисниците кои ќе се одлучат за работните станици на HP ќе можат да уживаат во континуираните иновации како што се дизајнерските решенија, софтвер или софтверски сертификати од независни производители за професионални апликации.
Секоја HP работна станица помина низ процесот на контрола на квалитет и тестирање кое ги бара индустријата на персоналните компјутери. Покрај тоа, корисниците на HP работни станици имаат можност да уживаат во доброто подесување на HP, како што се стабилноста на системот како резултат на фактот дека HP сертифицира драјвери за вообичаените апликации на работните станици кои ги произведуваат компании како Adobe, Autodesk, CATIA, Dassault , Revit, Siemens и SolidWorks.
Оваа недела ХП ќе ги одбележи постигнувањата на работните станици „зад сцената" кои помогнаа во изградбата на светот. Можете да ги следите на Твитер (@HP и @HP_SmallBiz) како и на Фејсбук.