Како оваа маглина го добила своето име? Па, погледенте ја приложената фотографија, а потоа отворете го географскиот атлас за да се присетите на формата на истоимениот континент или обратно. Аналогијата е повеќе од очебијна нели ;-).
Делот од маглината којшто на картата соодветствува на Централна Америка и Мексико на "ѕвездениот континент" е особено сјаен, што се должи на вжештената мешавина од гас, прав и новоформирани ѕвезди познати како Лебедов ѕид. На приложената фотографија се забележува како ѕвездите формираат ѕид кој е осветлен и еродиран од сјајот на младите ѕвезди и делумно сокриен од темната сенка прав којашто тие ја создаваат. Маглината Северна Америка (NGC 7000) се простира на површина од 50 светлински години и на оддалеченост од 1500 светлински години од нас во правец на соѕвездието Лебед.