Рубрика: Информатика
Нова колекција на ултрабук компјутери HP ENVY
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.08.2012 - 15:17

Новата колекција ултрабук компјутери HP ENVY, која ги спојува одличната забава и моќните перформанси спакувани во елегантен црно-црвен дизајн, ќе им помогне на учениците да ги постигнат најдобрите оценки во училиште и повторно да им останат часови за забава на крајот на денот. Со помош на двојните звучници и сабвуфер од Beats Audio, колекцијата ENVY им овозможува на корисниците да го слушнат звукот на начинот како што е замислен од уметниците, што го прави овој ултрабук совршен за слушање на музика со пријателите.
Неговиот супертенок дизајн е комбиниран со основа во енергична црвена боја која е мека на допир и отпорна на лизгање, што му дава модерен изглед на уредот без притоа да влијае на неговата работа.
Со работа на уредот до 10 часа со едно полнење на батеријата и со најновите Intel Core процесори, новите HP ENVY ултрабук компјутери се одлични за оние што имаат потреба од сигурен уред со високи перформанси додека се во движење.
HP ENVY ултрабук компјутерите во моментов се достапни насекаде во регионот на EMEA (Europe – Middle East – Africa), со почетна цена од 699 евра.
Овој модел е исто така достапен и како Sleekbook, со графика од дискретната класа на AMD, кој е идеален за креативните и технички поткованите студенти кои уживаат во креирање и уредување видеа.
HP ENVY Sleekbooks се моментално достапни во EMEA со почетна цена од 649 евра.