Милиони луѓе во светот од кои најмногу се Американци, се обидуваат да ги загубат маснотиите и да ја намалат телесната тежина. И додека тие трошат огромни пари и време за вежби и разно-разни препарати за да ги отстранат маснотиите од своето тело, три тима на истражувачи објавиле дека телото на возрасен човек содржи необичен вид маснотии кои можеби треба да ги сочуваме. Тие маснотии се наречени кафеави масти и претставуваат потрошувачи на енергија во човечкиот организам, односно тие ги согоруваат калориите кои ги внесуваме со исхрана. Активирајќи го ова неверојатно ткиво, може да се се добие нов начин да се поттикне телесниот метаболизам и да се забрза губењето тежина.
За што, всушност, станува збор? Во човечкиот организам заедно со митохондриите кои се наоѓаат во ќелиите и генерираат енергија, кафеавите масти произведуваат топлина реагирајќи на, намалување на температурата на околината и во тој процес консумираат многу калории. Истражувачите утврдиле дека има најмногу масти кај новороденчињата, чии тела ги употребуваат овие масти за да ја одржат топлината, бидејќи тие не можат да реагираат на друг начин, но се сметало дека овие масти исчезнуваат со возраста. Сознанието дека тие постојат и кај возрасните, истражувачите го доживеале како шок. Така за што подобро да се разјасни овој факт, пет Бостонски биомедицински институти проучиле илјадници архивирани PET/CT (компјутерска томографија) скенови и нашле наслаги од кафаеави масти околу вратот и клучната коска во околу 5% од испитуваните луѓе.
Роналд Кан, шеф на истражувањето за дебелина кај луѓето и дејствувањето на хормоните, во Центарот за диабетес во Бостон, верува дека кафеавите масти, всушност, ги има кај повеќето возрасни и дека единствената причина што тие не се појавуваат на CT-скеновите е затоа што во моментот на скенирање тие не биле активирани.
Во едно, пак, друго независно од ова истражување, кое било работено во Финска и Шведска, возрасни волонтери биле држени во студени простории или подложени на купки на нозете во речиси ледена вода, за да го поттикнат дејствувањето и активирањето на кафеавите масти. Добиените PET/CT снимки (скенови) и биопсии, потврдиле дека тие масти навистина постојат. Во меѓувреме, истражувања во Холандија документирано покажуваат дека слабите млади мажи имаат повеќе кафеави масти отколку дебелите испитаници, а сите три извештаи се објавени во New England Jurnal of Medicine.
- Дека и возрасните имаат кафеави масти, не е спорно - вели Кан. Сега прашање е дали и како да се пронајде начин за нивно активирање во контролата на метаболизмот и регулирање на телесната тежина....