Рубрика: Информатика
Нов Officejet печатач и нови мастила од HP
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 21.08.2012 - 14:09

HP деновиве го најави новото печатачко решение кое им овозможува на потрошувачите на малите и средни претпријатија со стратегиски капитал да ги намалат трошоците и да ја зголемат продуктивноста како во работните простории така и во движење.
Новиот HP Officejet 6700 Premium e, сè-во-едно уред, ја поврзува поставата на HP деловните инкџет печатачи, нудејќи поголеми брзини на печатење од неговите претходници, намалени трошоци за одржување (со употреба на мастило од оригиналните HP кертриџи со голем капацитет) и можност за печатење директно од паметните телефони и таблети буквално насекаде (со вградениот HP ePrint). Најновиот додаток на HP Officejet портфолиото е наменет пред се за корисниците во малите претпријатија, спојувајќи ги сите канцелариски потреби во едно - печатење, праќање факс, скенирање и копирање. Притоа уредот доаѓа со ENERGY STAR сертификација и сигурност во побарувачката кај малите бизниси.
HP Officejet 6700 Premium e нуди поевтино печатење на службени документи со брзини до 16 ppm (ppm = страни во минута) за црно-бел печат и 9 ppm за печатење во боја. Покрај ова овозможени се и безжичен мрежен пристап, автоматска "хранилка" за документите кои треба да се скенираат или фотокопираат, автоматско двострано печатење и директен и брз пристап до бизнис апликациите преку екран на допир од 6,73 cm. Покрај ова овозможено е и печатење директно од мемориски стик преку предниот УСБ приклучок
Новите системи на мастила HP 932 и 933 доаѓаат со нова пигментна формула која според зборовите не производителот треба да ви понуди зголемена издржливост на отпечатокот, вклучувајќи и водоотпорност и отпорноста на "чкртки" со фломастер. За оптимална вредност производителот препорачува користење на HP XL Black кертриџ со висок капацитет кој нуди можност за отпечатување на до 2,5 пати повеќе страници отколку стандардните HP кертриџи, но и HP XL кертриџи во боја со кои ќе добиете уште поиниска цена на отпечатокот, а притоа квалитетот останува непроменет.
Печатачот HP Officejet 6700 Premium e е достапен од овој месец преку HP и овластените дистрибутери на HP. Дополнителни информации за новиот HP Officejet line-up се достапни на www.hp.com/go/officejetprinting