Роверот Кјуриосити беше фотографиран додека се спушта со помош на падобран низ атмосферата на Марс околу една минута пред слетувањето. Фотографијата е направена од Марсовиот извидувачки орбитер (Mars Reconnaissance Orbiter) со неговата камера позната како High-Resolution Imaging Science Experiment (HiRISE). Марсовиот извидувачки орбитер се користел и како релеј за пренос на радио сигналите од Кјуриозити кон Земјата. Еден пиксел на фотографијата "покрива" 33 cm, а повеќе податоци за фотографијата можат да се најдат на сајтот на HiRISE тимот од Универзитетот на Аризона:
http://www.uahirise.org/releases/msl-descent.php
Марсовиот извидувачки орбитер има направено и фотографија од спуштањето на сондата Феникс (Phoenix).