Рубрика: Индустриски дизајн
Кошулата која ве лади: Men's Pacific Shirt од Rohan
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 27.07.2012 - 11:13

Со зборовите на производителот Рохан, оваа кошула се грижи за вашиот комодитет на следниов начин: "Колку е потопло, толку подобро таа работи". Производот "свежината" ја одржува со помош на специјалното платно од кое е направена. Имено се работи за мешавина од модерни синтетички влакна, полиестер и полиамид, со тежина на свила.
Материјалот ја отстранува влагата на капиларен начин и брзо се суши, така што нема ни да забележите дека е влажен. Кошулата е третирана со Dynamic Moisture Contro, финиш кој ќе трае колку што ќе трае и кошулата или, просто кажано, сè дури не ја излитите од носење ;-) . Ткаенината воедно штити и од штетното УВ-зрачење, а на неа е употребена и напредната сребрена технологија која го спречува размножувањето на бактерии и ги намалува непријатните мириси, идеално за летниве горештини.
Иако тежи едвам 140 грама, кошулата е мошне отпорна на надворешните влијанија и е лесна за одржување, што би се рекло "пери-носи", во вистинска смисла на зборот.
А потврда дека се работи за моден "must have" на секој практичен (и современ ;-)) маж, се и следниве "скриени" погодности: употребата на технологијата Minimum Layer Construction, која не го нарушува природното "дишење на кожата од телото, а материјалот го прави лесен и комфорен за носење; прикриените панели од микрофибер наменети за бришење очила кои се вшиени во долниот раб од кошулата; додатокот Dryloops кој ќе ви овозможи да ја "обесите" кошулата по перењето без употреба на штипки.
Ако ве бендиса описот, кошулата може да ја набавите преку интернет од следнава адреса: http://www.rohan.co.uk/Product/Detail/MensShirts_03281?ocode=03281772.