Иако процесот на стареење не може да се победи, постојат начини кои можат да го забават, а со тоа да се одржи младешкиот изглед.
Разни научници трагаат по клучот на долговечноста, по еликсирот на животот, а секој ден се поблиску до решавање на загатката за човечката бесмртност. Во меѓувреме, додека ги чекаме научните откритија на милениумот, со здравата исхрана можеме сами на себе да си помогнеме во борбата против стареењето.
ЗЕЛЈЕСТИ РАСТЕНИЈА – Сите растенија кои припаѓаат на оваа група, како брокула, карфиол, кељ, зелка, цвекло, 'рдокви, прокељ го чистат телото и ве заштитуваат од рак. Затоа, би требало што почесто да се јадат варива или други јадења што го содржат овој чудесен зеленчук.
ЈАЈЦА – Иако постојат различни студии за штетноста на јајцата, од зголемување на ризикот од рак на простата до холестерол во крвта, не може да се игнорира фактот дека тие се богати со колин, редок витамин од групата Б, кој се покажал како успешен во сузбивање на воспаление на мозокот. Благотворното влијание на колинот може да ја намали веројатноста од настанување на Алцхајмерова болест. Исто така, јајцата се богати со протеини кои ги штитат нашите коски, а бидејќи се одличен извор на енергија, помагаат во борбата против малаксаност. Жолчките од јајцето се богати со антиоксиданти и се хранливи состојки кои ја спречуваат макуларната дегенерација на окото, главната причина за слепило, а исто така ја штитат зеницата од ултравиолетово зрачење.
ЦВЕКЛО – Од рана возраст учиме дека треба да јадеме зеленчук, но за да ги добиеме сите потребни состојки, за да се задржи младешката фигура и за одржување добро здравје, во исхраната мораме да внесеме и цвекло. Цвеклото помага во ширењето на крвните садови, со што се зголемува циркулацијата на крвта, потоа богато е со железо, кое е од суштинско значење за нашите еритроцити што поефикасно да го врзат кислородот за себе, а воедно помага и во борбата против анемијата.
БОБИНКИ – Неодамнешните истражувања покажале дека боровинките може да помогнат во спречување на понатамошниот развој и раст на туморите. Боровинките се богати со антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали, коишто се водечка причина за настанување на рак.
ДОМАТИ – Доматите се богати со ликопен, кој е еден од најмоќните антиоксиданси и има двапати повеќе заштитна способност од бета-каротинот. Разните истражувања покажале дека ликопенот е одличен во заштитата од рак на белите дробови, дебелото црево, простата и на кожата. Дополнителните истражувања покажале дека спречува настанување на болести на срцето, како и разни дегенерации на окото. Покрај доматите, најбогат извор на ликопен се дињите и црвениот грејпфрут.