Неодамна Fujitsu Semiconductor Europe (FSEU) ја пушти во употреба својата нова алатка за онлајн-симулација, првенствено наменета за нивните ИК за управување на моќност – PMIC (Power Management IC). “За инженерите-проектанти кои ги употребуваат овие производи на Фуџицу, ‘Easy DesignSim’ претставува навистина моќна алатка која овозможува квалитетна и разбирлива симулација давајќи онлајн-поддршка од непроценлива вредност. Ваков приод може битно да го забрза процесот на проектирање на електрониката за широка потрошувачка и преносливите уреди, како и за производите од медицинска електроника и автоматизација на работното место. Исто така, "Easy DesignSim" значајно заштедува време при процесот на проектирање уреди за управување на моќност" – истакнува Wolf Fronauer, директор на маркетинг на оваа реномирана фирма.
"Easy DesignSim" е достапен до сите корисници на интернет кои ќе се зачленат во Фуџите.
Повеќе информации на: http://www.fujitsu.com/global/services/microelectronics/product/pmic/eas...