Рубрика: Информатика
Интел со честитка до партнерите CERN и LHC
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 09.07.2012 - 17:27

Женева, Швајцарија, 4 јули 2012 година – Корпорацијата Интел им честита на Европската организација за нуклеарно истражување (CERN) и на заедницата LHC (Large Hadron Collider) за постигнатиот напредок во истражувањето за Хигсовиот бозон (Higgs Boson). Интел е горд на своето партнерство со ЦЕРН преку заедничкото истражување да се забрза развојот и иновативните решенија кои се користат од LHC заедницата во светски рамки и со тоа учествуваат во потрагата по најпосакуваната награда во физиката "Хигсовиот бозон" наречена "Божјата честичка".
"Тимот на ЦЕРН, кој ги соединува најавторитетните мислители и физичари од целиот свет, секогаш нè импресионираат со нивните истражувања," изјави Кристијан Моралес потпретседател и директор на Интел Европа, Блискиот Исток и Африка. "Интел е особено горд на партнерството со водечки производи и технологии кои го поддржуваат истражувањето за честичката Хигсов бозон и со нетрпение ја очекуваат соработката со ЦЕРН за откривање на мистериите на универзумот."
Интел значително придонесува во отворената лабораторија на ЦЕРН од 2003 година и соработува со истражувачите преку учество во заеднички истражувања и обезбедување пристап до врвна хардверска и софтверска технологија со цел подобро да го разберат влијанието на големите количини податоци во мрежната средина на реалниот свет.
"Отворената лабораторија на ЦЕРН е исклучителна средина за тестирање каде што високо се ценат научните откритија и технолошките достигнувања," изјави Стеван Павловски, постар соработник во Интел, главен технолошки директор, групација за датацентри и поврзани системи и групацијата за ГМ Интел архитектура. "Горди сме што сме членови на отворената лабораторија на ЦЕРН, кој е важен партнер на Европската мрежа на Интел лаборатории и оваа соработка ја зајакнува посветеноста на Интел за истражувањето и развојот во Европа."
Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб-страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com, додека за ЦЕРН на: www.cern.ch и CERN отворена лабораторија: www.cern.ch/openlab, и за WLCG: www.cern.ch/wlcg