Рубрика: Електроника
Дијаманти за правење на квантни точки и сечење нанометарски ленти
Автор: Емилијан Иљоски
Објавено на 04.07.2012 - 11:52

Научниците од државниот универзитет во Канзас, САД се приближија кон еден подолго време присутен предизвик – да произведат квантни точки од графен со контролиран облик и димензии, што би можело да направи револуција во електрониката и во оптоелектрониката. Тие развија еден иновативен метод со употреба на дијамантски нож за да го исечат графенот во мали блокови со нанометарски димензии. Потоа истите се лупат од основниот материјал за да се добијат листови од јаглеродни атоми со контролиран облик и големина.
Со добивањето на соодветни облици и големини, научниците би можеле да ги контролираат својствата на графенот со цел да се произведе широк дијапазон на производи кои би имале примена во многу апликации, како соларни ќелии, електронски компоненти, оптички еталони, биомаркери или композитни системи. Овие структури би имале една навистина широка употребна вредност, но сега за сега овој истражувачки тим може да произведе во големи количеста квантни точки со контролирани димензии кои би се употребувале во соларни ќелии и, воопштено, во оптоелектрониката.
Повеќе информации на: http://www.k-state.edu/.

Клучни зборови: