Рубрика: Информатика
Нови лаптопи од HP - ProBook 4540s, 4545s и 4740s
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 29.06.2012 - 13:45

Според зборовите на HP новата S серија на лаптоп комјутери доаѓа со оптимизација за Genuine Windows и истите нудат: мултимедиумски алатки едноставни за користење, безбедност, алуминиумско куќиште за екстра заштита. Преносните уреди доаѓаат со три различни големини на екранот, дискретна графика и заштеда на батеријата.
Новите преносни уредите нудат можност на избор на екран од 15,6-инчен дисплеј со HD1 дијагонала или 17,3-инчен со HD+1 екран. Тие се спакувани во алуминиумското куќиште со што HP им нуди на корисниците издржливост и долготрајност на уредот, додека заштитниот HP DuraFinish дава привид на постојано исполирана површина.
Дека акцент е ставен на истрајноста се забележува и кај високо-отпорната тастатура која ја штити чувствителната електроника благодарејќи на тенкиот заштитен слој од Милар филм под тастатурата, но и од вградениот HP 3D DriveGuard8 чија примарна цел е заштитита на хард драјвот од надворешни влијанија и удари и e eдноставен за користење и со стабилни безбедносни карактеристики.
Дискретната графина на корисниците ќе им овозможи да креираат брилијантен визуелен ефект, додека компјутерот автоматски се префрлува на опцијата за заштеда на батеријата при користење на секојдневните апликации. Додатно разубавување на документите овозможува ArcSoft TotalMedia Suite кој доаѓа со овие уреди. ArcSoft Total Media Suite овозможува и користење на веб-камерата и правење на лични фото-монтажи и видеоснимање.
За лесен пристап и квалитетно следење на мултимедијалните содржини од HP е овозможен квалтетен софтвер за ракување со нив, додека со употреба на HDMI порт-от постои можност за приклучување на лаптопот со надворешен голем екран, што е особено корисно ако сакате да гледате филмови кои претходно сте ги симнале на вашиот ноутбук.
Вградената HD Webcam нуди можност за виртуелно поврзување со други корисници во случај да корисникот не е во можност лично да присуствува на некој важен состанок или семеен настан.
Медиумскиот пакет е дополнет со SRS Premium Sound кој дава квалитетен звук при репродукцијата на музичките датотеки.
Цените за уредите од оваа серија се движат од 21.599,00 мкд за ProBook 4540s Notebook PCs до 38.999,00 мкд за ProBook 4340s Notebook PCs и се со вклучен ддв