Еколозите тврдат дека насекаде на планетата има огромни количини од пластичен отпад. Според нив, огромна количина плови на површината од океаните. Ова им дало идеја на холандски тим составен од тројца архитекти од компанијата "Вим архитектс" од Ротердам, да изготват проект за изградба на остров од рециклирана пластика во Тихиот Океан. Островото се планира да има површина колку Хаваите. За сега проектот за изградба на ваквото острово е на ниво на истражување на можностите, со цел да се согледаат сите предности и мани на еден ваков проект.
Како што велат овие архитекти на својата официјална веб-страница Recycledisland, главна цел на проектот е да се исчисти океанот од гигантската количина на пластичен отпад и создавање на луксузна пловечка населба, каде луѓето ќе најдат засолниште од глобалните климатски промени. На островот се предвидува изградба на урбана населба со свои извори на енергија и храна.
- Островот е можно да стане луксузна дестинација, изјавил милијардерот и авантурист Дејвид де Рошчајлд од својот брод "Пластики", брод кој е направен од 12 илјади рециклирани пластични шишиња и кој од пред некоја година плови во Тихиот Океан, а има за цел да истражува и да да ги согледува сите можности за изградба на „рециклираниот" иден остров.