Ви здодеа од жештината во вашата канцеларија кога во неа повторно откажала климата или од вечната нервоза на вашите колеги поради ова? Па, преселете ја канцеларијата во природата. Тетра шед (Tetra Shed) ви ја нуди токму оваа можност.
Се работи за модуларен канцелариски систем кој може да го поставите дури и во вашата градина. Дизајнот претставува вистински оригами од дрво кој, кога ќе се затвори, се издвојува од околината наликувајќи на мини-вулкан. Во еден Тетра шед модул комотно може да се сместат две лица во канцелариска средина. Во "колипката" секогаш има доволно светлина благодарение на триаголните прозорци кои се отвораат нагоре, слично како кај некои спортски автомобили.
Ако не ви е потребна канцеларија, модулот можете да го користите како киоск, куќичка за на плажа, куќа за на дрво (за што ќе ви треба само да изградите платформа), потоа градските власти можат во него да сместат туристички информативни точки, а дури е погоден и за користење како дополнителен простор, мини-студио, за одмор во летните месеци.
Во компанијата амбициозно тврдат дека со комбинација на повеќе единечни модули, можете да добиете простор кој може да се користи како училница или просторија за обука, проширување на просторот за домување, домашна вежбална, просторија за слушање музика, изложбен салон, простор за организација на некој корпоративен настан, простор за малопродажба или, пак, како туристичка акомодација.
Повеќе информации можете да најдете на www.tetra-shed.co.uk.