Рубрика: Информатика
Evernote Hello за Android
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.06.2012 - 12:26

Креаторите на оваа апликација од компанијата Evernote Corp тврдат дека токму таа ќе ви помогне да запаметите сè. Апликацијата која исто така ви овозможува да ги споделите вашите искуства, претходно беше достапна единствено за iOS платформата.
Evernote Hello е дизајнирана да го имитира начинот на кој работи човечкиот мозок, односно да ги поврзе и да ги "памети" луѓето, настаните, локациите и други работи по асоцијација. Оваа апликација во мозаичен приказ на екранот од вашиот Андроид уред ги прикажува лицата на сите што сте ги сретнале заедно со историјата на сите средби кои сте ги имале со секоја од личностите. Апликацијата ви помага и да се сетите на сите детали од некој состанок, како што се, на пример, местото каде што тој се одржал, прибелешките кои сте ги направиле тогаш, фотографиите и, се разбира, лицата на соговорниците. Новите подобрувања на апликацијата вклучуваат, меѓу другото, и подобра интеграција на социјалната бизнис-мрежа LinkedIn.
Апликацијата претставува freeware софтвер, "тешка" е 4,4MB и е компатибилна за сите понови Андроид платформи почнувајќи од Android 2.2 па нагоре.
Како работи Evernote Hello можете да видите на www.youtube.com/watch?v=zNW_bVocyBc&feature=player_embedded , а ако ви се допадне она што го гледате, апликацијата е достапна на следниов линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.evernote.hello.