Рубрика: Хемија
Дијаманти од лабораторија
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 11.06.2012 - 11:11

Научниците ја усовршија технологијата да произведат десеткаратни единечни кристали со боја и јасност кои ги надминуваат ископаните дијаманти од природата. Овие скапоцени камења се создаваат со процес наречен "хемиско отстранување пареа" од еден јагленороден атом. Потребни се 12 часа за еден карат. Овие дијаманти нашле широка примена во повеќе области.
Оптика – се произведуваат дијамантските леќи кои заради нивната спроводливост на топлина и стабилноста, пренесуваат поостри ласерски зраци на повисоки температури од леќите произведени од цинк селенит, кој е индустриски стандард. Дијамантските леќи во CO2 ласерите се користат за сечење, заварување и оперирање со многу висока прецизност.
Полуспроводници – Научникот Расел Хемли од Геофизичката лабораторија при вашингтонскиот институт Карнеги и истражувачите во Apolo Diamond Inc. во Бостон, го произвеле најголемиот и еден од најбеспрекорните дијаманти што постојат. Европскиот конзорциум за електроника со карбонска технологија, предводен од холандскиот креатор на дијаманти Element Six, создале синтетичка дијамантска диода, која била прв чекор во работата со дијамантски полуспроводници. Технологијата оди понатаму. Брзите процесори произведуваат многу топлина. Силициумските полуспроводници пукаат на температура од 130°C, но дијамантските можат да издржат до 1250°C степени. Како резултат на овој факт, можат да работат побргу осум пати во однос на силициумските чипови, без дополнителни сложени механизми за ладење. Првите полуспроводници на пазарот се очекуваат во 2011 година.
Накит – покрај овие примени дијамантите си ја задржале најстарата примена во изработка на скапоцен накит, и тоа првенствено за веренички прстени. Дијамантскиот картел е на мака како да им олесни на производителите на накит да ги разликуваат вистинските од синтетичките, односно природните од оние произведени во лабораторија, иако и едните и другите имаат иста атомска структура, а вторите можат да бидат и посовршени. Решението е изгравирано лого на природните дијаманти. И на крајот, не брзајте со вереничкиот прстен со дијамант, за едно десетина години се смета дека дијамантите произведени во лабораторија значително ќе поевтинат. Ова важи за помладите, а останатите не мора да чекаат, вереничкиот прстен може да има и полускапоцен камен. Важна е ЉУБОВТА!