Серијата TPS7A60xx/TPS7A61xx се напонски регулатори со низок пад на напонот и мирна струја помала од 25µA наменети за нискоенергетски потрошувачи. Овие елементи вклучуваат и прекуструјна заштита и се направени така да постигуваат стабилна работа дури и со керамички кондензатори со низок ESR. Мекото вклучување е фиксно (типично на 250µs), но може и да се програмира со надворешен кондензатор.
Од другите карактеристики издвојуваме: пад на напонот меѓу влезот и излезот од 300mV на Iout = 150mA, широк опсег на влезниот напон од 4 V до 40 V со пикови до 45 V, максимална јачина на излезната струја од 300-mA, неверојатно ниска мирна струја од 25 µA (Typ) при мали оптоварувања, фиксен излезен напон од 3,3 V и 5 V, Open-Drain Reset Output, интегрирана заштита од грешки, автоматска температурна заштита.