Рубрика: Информатика
Cisco ги претстави новите идеи на Cisco Expo 2012
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 06.06.2012 - 16:33

Компанијата Cisco ја организираше деловно-технолошката конференција Cisco Expo 2012, која започна денес во хотелот Александар Палас во Скопје. Тема на овогодишната Expo конференција е: "Заедно до иновации", во фокусот се наоѓаат: интелигентните мрежи, работењето во облак и мобилноста.
Воведни обраќања имаа Харис Пињо (генерален директор на Cisco за Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово), Иво Ивановски (министер за Информатичко општество и администрација), како и Стефан Рингенбах (технички директор на Cisco за Централна Европа). Во рамките на конференцијата, ќе бидат претставени иновативните концепти на кои Cisco Systems постојано работи во неколку главни подрачја: интелигентни мрежи, облак, виртуализација, видео и колаборација, во поглед на нивното влијание врз подобрувањето на работните процеси. Технолошки партнер на конференцијата е компанијата T, платинест партнер – Asseco, а златни партнери се Verso и Ipko.
Cisco Expo 2012 се одржува по втор пат во Македонија, а стана местото каде што се обединуваат експертите од информатичкиот сектор од земјава и регионот, најголемите домашни компании, медиумите, државните и образовните институции, како и пошироката деловна заедница.
Подетален преглед на настаните ќе биде презентиран во следниот број на списанието ЕМИТЕР каде воедно ќе биде објавено и ексклузивното интервју со г. Штефан Рингенбах (технички директор на Cisco за Централна Европа).