Рубрика: Фототехника
World Press Photo Exhibition 2012
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 06.06.2012 - 11:55

Во четврток 7. јуни 2012 со почеток во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена изложбата World Press Photo Exhibition 2012.
Оваа патувачка изложба, единствена од овој вид, во Скопје ја организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Национална галерија на Македонија, a е резултат на меѓународен конкурс на новинска фотографија кој се објавува секоја година. На конкурсот учествуваат фотографи, новински агенции, печатени медиуми и списанија од целиот свет, а меѓународно жири составено од 19 членови ги оценува нивните фотографии, во девет различни категории.
На конкурсот за 2012 година беа пријавени 101 254 фотографии од 5247 фотографи од 124 земји. Овогодишната изложба опфаќа преку 161 наградени фотографии во девет категории.
Изложбата финансиски е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.