Рубрика: Роботика
Словенечките роботичари направија робот - скијач
Автор: Калина С. Андонова
Објавено на 06.06.2012 - 11:01

Словенечки иноватори конструирале робот што скија! Роботот што скија е еден од многубројните проекти на Љубљанската лабораторија за роботика, која е дел од институтот "Јозеф Штефан". Научниците во лабораторијата во моментов макотрпно работат на активностите и движењата šкои би биле во состојба да ги извршува роботот-скијач. Овој словенечки робот е изработен со доста напредна технологија и може да се носи со најновите јапонски изуми, затоа што само по неколкучасовно програмирање тој може да анализира одредени активности, како и тоа да донесува сопствени одлуки за неговите наредни дејства. Роботот-скијач има комплексен сензорски контролиран систем, кој е поделен помеѓу главата и нозете. Горниот дел процесира навигација и поглед, а долниот се грижи за стабилноста и рамнотежата. Исто така, роботот има сензори, со кои користејќи ги може да комуницира со околината. Главниот сензор е сензорот за вид. Постои камера, која испраќа информации до роботот, кој потоа ги придвижува сензорите за движење. Под секоја скија има сензор, кој му дава информации на главниот дел за тоа каква сила треба да се употреби. Роботот може да остане стабилен и на нерамна подлога, како и да избегне пречка која би се појавила на патеката за скијање.