Холестерол – тоа е збор кој секој од нас го слушнал, но со погрешно значење, велат најновите резултати од истражувањата. Иако тоа значење можеби ви се врежало во мозокот, истражувачите препорачуваат сето тоа да го заборавите. Далеку од вистината е дека високиот процент на холестерол е штетен, велат тие. Вистина е дека холестеролот е најважна материја во човечкиот организам.
The European Heart Journal објави 3-годишна студија која претставува истражување извршено врз 11500 пациенти во која се тврди дека пациентите со низок холестерол имаат ризик за смрт 2,27 пати повисок од оние со висок холестерол!
The Journal of Cardiac Failure објави анализа извршена врз 1134 пациенти со срцеви заболувања и откриле дека оние со низок холестерол имале најлоши резултати поврзани со срцето, додека оние со висок холестерол имаат подобри шанси за преживување.
The American Geriatrics Society во 2003 година објави дека кај пациентите на возраст над 65 години, со ниво на холестерол и до 10,78 mmol/l (417 mg/dl), стапката на смртност е пониска во споредба со оние испитаници чие ниво на холестерол е под 4,88 mmol/l (189 mg/dl).
Еве уште неколку факти кои се поврзани со вистината за холестеролот:
- Во организмот има 3 до 4 пати повеќе холестерол отколку што може да се внесе со јадење;
- Ако се внесува помалку холестерол во организмот, организмот повеќе го создава, и обратно;
- Утврдено е дека ниското ниво на холестерол создава повеќе болести од високото ниво;
- И оние со висок холестерол и оние со низок холестерол имаат ист број на инфаркти;
- Луѓето со висок холестерол живеат подолго од оние со низок;
- Иако од срцеви болести страдаат луѓе постари од 65 години, страдаат и тие со висок и тие со низок холестерол;
- Високиот холестерол не е фактор на ризик кај жените без разлика на годините;
- Холестеролот го има само кај животните, кај растенијата го нема;
- Холестеролот не е од витално значење за здравјето, тој е од витално значење за животот.
Веројатно многумина ќе си го постават прашањето што е вистина, а што е заблуда. Дали снижување на нивото на холестеролот е голема грешка?! Во крајна линија непобитна вистината е дека ако се третираат симптомите на висок холестерол со лек на кој било начин, облик или форма, тој не ја исклучува причината за срцеви болести. Се тврди дека лековите за намалување на холестеролот предизвикуваат сериозни несакани ефекти кои се дури и поштетни од високиот холестерол...