Од наесен во Франција почнува да се продава новиот потполно електричен Renault ZOE Life. Цената во малопродажба е прифатлива и изнесува 15 700 евра. Државата субвенционира 5000 евра со оглед на тоа дека ги поттикнува новите технологии и енергии кој имаат нулта-емисија на штетни гасови. Батеријата не се купува, туку се изнајмува за 79 евра месечно.
Renault Zoe го движи електромотор со силина од 65 kW, со вртежен момент од 220 Nm кој се напојува од литиум-јонска батерија со капацитет од 22 kWh. Максималната брзина е електронски ограничена (заради заштеда на енергија) и изнесува 135 km/h, а дометот на возилото е 210 km. Со оглед на тоа дека ова возило е бесшумно, заради сигурноста на пешаците во сериската опрема е вграден уред кој произведува вештачки звук кој предупредува дека наидува возилото.
Се работи за врвен high-tech производ, за што сведочат шест светски иновации кои ја имаат премиерата во ова возило и 60 патентирани и применети иновации. Возилото е опремено со Range OptimiZErom систем кој го оптимизира дометот на возилото во реални услови на возење, без разлика на условите на возењето. Исто така, ова е прво електрично возило, кое благодарение на полначот Chameleon, може да се полни на разни полначи за струја, а во зависност од типот на изворот на струјата, полнењето трае од половина час па сè до девет часа.
Опремен е со новите гуми Michelin Energy E-V, специјално развиени од Мишлен и Рено за ова возило. Развојот и истражувањето на овие гуми траеле четири години, а резултатот е добивањето на енергетски високоефикасни гуми кои го продолжуваат дометот на возилото за околу 6% во однос на стандардните гуми. При ова, перформансите на гумата, како степенот на прилепување, еластичноста и останатите перформанси од кои зависи безбедноста, се задржани. Ова била една од основните причини за Renault да развие партнерски однос со Michelin за развој на овие гуми.
На крајот, нам ни останува да му пожелиме многу среќа и успех на првото високосериско електрично возило во Европа, на неговото височество Renault Zoe.