На 23-ти мај во просториите на Холидеј Ин се одржа прес-конференција за медиуми во организација на HP на која беа претставени нивните најнови модели на лаптоп компјутери, како и нивното богато портфолио за печатење и дигитализација, нови сервиси со алатки за зголемена продуктивност, нови сигурносни решенија кои што им овозможуваат на компаниите од различна големина да се прилагодат, поврзат и комуницираат побезбедно и ефикасно.
На овој настан се обратија: Игор Фиолиќ (PSG Country Manager Albania, BiH, Croatia, Kosovo, Macedonia, Malta and Moldavia), Ханс Видмаер (IPG Country Manager Albania, BiH, Macedonia, Kosovo, Malta and Moldavia), Владимир Парлеев ( PSG sales Channel Manager Albania, Kosovo and Macedonia) и Елена Андоновска (IPG Category and Marketing Manager Albania, BiH, Macedonia, Kosovo, Malta and Moldavia).
Тие ги запознаа присутните со најновите модели на лаптоп-компјутери, како и портфолиото за печатење и дигитализација, новите сервиси со алатки за зголемена продуктивност, новите сигурносни решенија, кои што им овозможуваат на компаниите од различна големина да се приспособат, поврзат и комуницираат побезбедно и ефикасно.
HP ја реорганизираше целата линија на мултифункциски уреди со кои ја започна новата ера на уреди кои се во можност да се поврзат на веб, во облак и со други решенија и кои можат да одговорат на бизнис потребите на нивните корисници.
Тие исто така го проширија и компјутерското портфолио со повеќе од 30 нови продукти проектирани да одговорат на барањата за дизајн, стабилност, сигурност и перформанси на крајните купувачи и ИТ сектори низ бизнисите од сите големини.
Сите овие модели на почетокот на месец мај ја имаа својата успешна премиера на најголемиот технолошки саем во Шангај-Кина.