Нови две научни истражувања покажаа дека хормонската терапија за жените е поврзана со намалување на мозокот, но не и со лезиите на малиот мозок, šшто е прв знак за церебрално-васкуларно заболување, објави американскиот магазин "Neurology“.
Некои претходни истражувања покажале дека естрогенот, со или без прогестерон кај жените после 65-тата година од животот го зголемува ризикот од развој на деменција и опаѓање на когнитивните способности, како и проблеми со бистрото мислење и помнење. Новите студии имале за цел да утврдат како хормоните можат да влијаат врз помнењето и способностите за мислење.
Истражувањето, спроведено на 1400 жени на возраст од 71 до 89 години било предвреме прекинато, откако научниците откриле дека хормонската терапија ги зголемува здравствените ризици и не помага при спречување на појавата на срцевите заболувања.
Со скенирање на мозокот на испитаничките, научниците откриле дека на жените кои земале естроген, со или без прогестерон, им се намалил мозокот и тоа во два одделни дела, šшто не било случај со жените кои земале плацебо. Скенирањето покажало дека естрогенот придонел за намалување на предниот мозок за 2,37 кубни сантиметри, како и на хипокампусот за 10 кубни сантиметри. Овие два дела на мозокот се поврзани со процесот на мислење и со способноста за помнење. Заклучок: Намалувањето на волуменот на хипокампусот го зголемува ризикот за појава на деменција. Ефектите биле најевидентни кај жените кои пред земањето на хормонската терапија веќе имале проблеми со помнењето. Ова покажува дека естрогенот негативно влијае врз способноста за помнење кај жените кај кои веќе се присутни невродегенеративните просеци, вели авторот на студијата Сузан Ресник (Susan Resnik), од National Institute on Aging in Baltimore. Со втората студија, научниците откриле дека хормонската терапија нема никаква поврзаност со зголемување на волуменот на малите мускулни лезии на мозокот или со "тивките мозочни удари", кои честопати се прв знак за церебро-васкуларно заболување. Негативните ефекти на хормонската терапија врз когнитивните способности не мора примарно да се поврзани со васкуларна болест, туку со невродегенерација, како што покажала и првата студија.