Енергетика
Претставете си компјутерски чип кој не само што обработува информации, туку и сам одлучува каде ќе го насочи вишокот топлина. Или инфрацрвен сензор што може по потреба да го менува начинот на кој ја зрачи топлинската енергија. До неодамна ваквите идеи се сметаа за практично неостварливи бидејќи беа ограничени од едно од најстарите правила во физиката. Но, едно ново истражување покажува дека ограничувањето можеби и не е толку непремостливо како што тоа се сметаше.
Објавено на 29.07.2026 - 17:45

Информатика
Македонското земјоделство доби нов пример за тоа како дигиталните технологии можат да го трансформираат традиционалното производство. Во Струга беше промовиран SMART Nursery – првиот паметен расадник и аналитичко-истражувачки центар од ваков вид во земјата, наменет за производство на висококвалитетен саден материјал од лешник. Зад техничката реализација на проектот стои компанијата „Сефиданис“, која разви интегриран систем што ги поврзува вештачката интелигенција, паметните сензори и анализата на податоци во единствена платформа за прецизно земјоделство.
Објавено на 29.07.2026 - 15:45

Медицина
Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на Западнонилска треска. Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко разгледување.
Објавено на 29.07.2026 - 14:45

Психологија
Е-продавницата на ЕМИТЕР е збогатена со уште едно домашно авторско издание – книгата „Психичка самоодбрана со практични методи“ од дипломираниот електротехнички инженер Тома Манески. Станува збор за обемно дело што ги обединува размислувањата на авторот за психологијата, самосвеста и личниот развој, надополнети со практични вежби и методи кои, според неговиот концепт, имаат цел да му помогнат на читателот во градењето на психичка стабилност и внатрешна самоконтрола.
Објавено на 28.07.2026 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Со голем ентузијазам сакам да го споделам резултатот од мојот последен радиоастрономски експеримент, најверојатно првиот успешен обид во Македонија за сопствена детекција и калибрација на галактичката водородна линија на фреквенција околу 1420 MHz, односно бранова должина од 21 cm.
Објавено на 28.07.2026 - 14:15

Информатика
Додека се мисли дека Кина бара начини да ги заобиколи американските ограничувања за компјутерски ресурси, кинеската компанија Moonshot AI го претстави досега најголемиот модел со отворени тежини. Со 2,8 билиони параметри моделот Kimi K3 го надмина и Claude Fable 5 во бенчмаркот Frontend Code Arena.
Објавено на 27.07.2026 - 18:00

Омнибус
Меѓународното космичко движење (МКД) – Битола и Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола го организираа свечениот настан „Меѓународното космичко право на македонски јазик: Од превод до дисеминација“, посветен на достапноста, развојот и ширењето на знаењето...
Објавено на 27.07.2026 - 14:15

Фототехника
Во вторник, 28 јули, во просториите на Сули ан сместен во скопската стара чаршија, во 20 часот и 30 минути е најавено отворањето на изложбата фотографии Скопје 63/63.
Објавено на 27.07.2026 - 13:30

Информатика
ФЕИТ покажува дека вештачката интелигенција може да стане практична алатка што ќе решава реални проблеми во македонските институции. Најнов пример за таков пристап е системот за автоматска транскрипција на говор во реално време, развиен за потребите на македонскиот парламент.
Објавено на 25.07.2026 - 21:45

Колумна
Сите ја знаеме познатата приказна за Тројанскиот коњ, каде што луѓето со одушевување сами ја внесоа опасноста во својот град мислејќи дека добиваат прекрасен подарок. Денес нешто слично ни се случува со вештачката интелигенција, која со одушевување ја инсталираме на секој можен телефон и компјутер. На прв поглед сѐ изгледа одлично, бидејќи таа им ги пишува домашните на учениците, им составува семинарски на студентите, им кодира на програмерите и им помага на лекарите со поставање дијагнози. Сосема е природно да се радуваме што машините конечно ја преземаат рутината за ние да одмораме, но прашањето е дали со тоа не губиме нешто многу поважно.
Објавено на 24.07.2026 - 17:45

Pages