Информатика
Постојат три стила на пребарување на Википедија: оние кои се губат во мноштвото информации, оние кои душкаат наоколу и оние кои одат директно до резултатот. Звучи тривијално, но разликувањето на овие три типа е важно за вештачката интелигенција да се направи поефикасна.
Објавено на 05.11.2024 - 15:15

Астрономија и астронаутика
И покрај неверојатно високите површински температури, вулканите што исфрлаат лава и облаците од сулфурна киселина, ненаселената Венера нуди витални лекции за потенцијалот за живот на други планети, се вели во еден нов научен труд. „ Честопати претпоставуваме дека Земјата е модел за животоподобност, но ако ја земете предвид оваа планета изолирано, не знаеме каде се границите и ограничувањат а. Венера ни го дава токму тоа“, вели Стивен Кејн, астрофизичар од Универзитетот на Калифорнија Риверсајд и прв автор на споменатиот труд.
Објавено на 05.11.2024 - 12:00

Омнибус
Институтот за развој на електронски комуникации - ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток сублимат/коментар на извештајот од Европската Комисија во делот за напредокот на Македонија во однос на дигиталната трансформација и медиумските слободи
Објавено на 04.11.2024 - 17:30

Хемија
За прв пат, хемичарите креираа класа молекули за кои претходно се сметаше дека се премногу нестабилни за да постојат и ги искористија за да генерирање на егзотични соединенија. Имено, ваквите молекули се сметаа за премногу нестабилни па оттаму нивното создавање беше речиси невозможно. Сепак, експериментите покажаа дека тие може да се „фатат“ во одредени реакции за од нив да се добијат корисни производи.
Објавено на 04.11.2024 - 14:15

Екологија
Одлагалиштето на свежа пепел во РЕК 'Битола'.
За да се увериме самите, заедно со инж. Илија Бендевски „Бенц“ од нашето здружение на инженерите направивме една мини-експедиција по депониите за јаловина и пепел. После речиси 10 препешачени километри по изразито непристапен терен, го пронајдовме одлагалиштето за пепел, во близина на напуштеното и затрупано село Билјаник...
Објавено на 04.11.2024 - 10:00

Аудио и видеотехника
Иако вчера, со втората проекција, заврши 32 ФАДФ Камера 300 , сè уште не стивнуваат впечатоците од прикажаните и наградени филмови на овогодишниот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од средбите пред, за време, и по прикажувањето на двете проекции на документарните филмови.
Објавено на 03.11.2024 - 01:15

Роботика
Музичарите од Дрезденскиот симфониски оркестар Синфоникер минатиот месец настапија под диригентската палка (односно диригентските палки) на робот со три зглобни раце, кој бил дизајниран во соработка со локалниот технички универзитет.
Објавено на 01.11.2024 - 16:45

Електроника
Новите 7-нанометарски процесори од кинескиот производител на чипови, наводно, ги надминуваат перформансите на серијата Raptor Lake од Интел. Кинескиот производител Loongson ја усвои стратегијата “ток-ток-тик” за да го затвори јазот со Intel и конечно да влезе во директна конкуренција со Intel и AMD...
Објавено на 01.11.2024 - 15:00

Психологија
Со воведувањето на таблети и компјутери во училиштата, барем навидум се чини дека пенкалата и тетратките може наскоро да станат излишни. Особено ако се има предвид дека и покрај милениумската традиција на пишување сѐ уште кога подолго време го користиме пенкалото или моливот, зглобот почнува да нѐ боли... Со сета технологија и со леснотијата на “типкописот” што ги уживаме во денешно време, зошто е битно да ги научиме новите генерации да пишуваат со рака?
Објавено на 01.11.2024 - 13:45

Енергетика
За да ја задоволи огромната жед за енергија на своите центри за податоци за вештачка интелигенција, американскиот гигант Гугл направи договор за купување на неколку нуклеарни реактори. Технолошката корпорација нарача шест или седум мали нуклеарни реактори од енергетската компанија Каирос Пауер со седиште во Калифорнија, од кои првиот ќе биде оперативен до 2030 година, додека другите ќе бидат пуштени во употреба во 2035 година.
Објавено на 31.10.2024 - 18:30

Pages