Информатика
Украинскиот државјанин Марк Соколовски (28) во понеделникот пред федералниот суд на САД се изјаснил за виновен за ширење на малициозен софтвер Raccoon Infostealer. Тој се согласи да плати најмалку 910 844 американски долари како реституција, според договорот за признавање вина.
Објавено на 14.10.2024 - 15:00

Електроника
Се ближи грејната сезона, па ќе биде неопходно да се води сметка за секој потрошен киловатчас електрична енергија. Особено ќе биде важно термоакумулационите печки да не акумулираат во високата тарифа, бидејќи многу бргу се навлегува во најскапиот, четврт тарифен блок ВТ4. За монофазните потрошувачи можат и на нашиот пазар да се купат тајмери со утичница за вклучување во опредено време од денот, но за трофазните потрошувачи мораме самите да изработиме таков уред.
Објавено на 13.10.2024 - 15:45

Информатика
Крипто измамниците ја хакирале веб-страницата на LEGO во петокот навечер во обид да им продадат на посетителите лажна дигитална валута. Напаѓачите успеале да ги пробијат серверите на производителот на играчки и да ги заменат рекламите на LEGO на почетната страница со банери на кои биле прикажани токени со логото на LEGO во златна боја.
Објавено на 10.10.2024 - 12:45

Хемија
Нобеловата награда за хемија оваа година им оддава почест на креаторите на компјутерските алатки што ја трансформираа биологијата и кои имаат потенцијал да ја револуционизираат фармакологијата и процесите на откривање нови лекови.
Објавено на 09.10.2024 - 16:00

Омнибус
Меѓународниот саем на енергетика, електротехника, ладење и греење, соларни системи, пумпни системи, технологија и технолошки системи – Енерго Технома 2024, ќе се одржи во Арената Борис Трајковски од 29 до 31 октомври. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики.
Објавено на 09.10.2024 - 14:00

Физика
Џон Џеј Хопфилд и Џефри Е. Хинтон ја добија Нобеловата награда за физика за 2024 година „за фундаментални откритија и пронајдоци кои го овозможуваат машинското учење со вештачки невронски мрежи“.
Објавено на 08.10.2024 - 17:45

Екологија
Неколку научни истражувања, независно едно од друго, неодамна објавија информација дека соларните фотонапонски панели креираат многу повеќе токсичен отпад по единица призведена енергија, отколку нуклеарните електрични централи.
Објавено на 08.10.2024 - 12:15

Медицина
Под мотото Променете го крајот на нечија приказна вчера беше одбележан Меѓународниот ден на органодонорство Европскиот ден на органодонорството, 7 октомври, се одбележува со цел да се подигне свеста за значењето на органодарувањето и поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во овој благороден процес. Во земјава во изминатите четири години трансплантацијата од починат донор се развива со засилено темпо. За прв пат во историјата на македонското здравство во 2020 година се трансплантираше срце, следната година беше изведена првата трансплантација на коскени ткива, за да во 2023 година не трансплантира и првиот црн дроб во земјава. Во овие 4 години се направени вкупно 85 трансплантации на органи во земјава.
Објавено на 08.10.2024 - 11:00

Медицина
Овогодинешната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира генската активност. Виктор Амброс и Гери Рувкуни ја добиваат Нобеловата награда за физиологија и медицина за 2024 година „ за откривањето на микроРНК и нејзината улога во регулацијата на посттранскрипциските гени “.
Објавено на 07.10.2024 - 14:15

Телекомуникации
Z31RQ on micro-waves
Поставен е нов далечински рекорд за двонасочна телевизиска врска на подрачјето од 5,76 GHz (бранова должина 5,5 cm - C Band), на растојание од 65,66 km. Воедно ова е и најдалечната ATV врска во Македонија на било кој банд воопшто...
Објавено на 07.10.2024 - 09:45

Pages