Проблеми со унимер

Почитувани,

Добив на подарок унимер ISKRA US6A, кој не е исправен. На омското подрачје х1 има отпорник со видливи оштетувања од горење, со ознака 36е5. Претпоставувам дека треба да е 36 оми, но на мере­ње покажува 300 k. Исто така има оштетен кондензатор со ознака ISKRA 50000 j 630 V - KFMU 40/+85. Не ја разбирам оваа ознака - колкав треба да биде капацитетот? Го ис­про­бав подрачјето за мерење на­пони и тоа е исправно.

Во унимерот нема батерија, а на Гугл најдов дека ознаката на батеријата е 2R10 од 3 V. Во про­давниците најдов батерија 3,7 V – дали таа батерија е соодветна за него и дали може да се стави појака батерија?

Од десната страна на уни­мер­от има два конектора за наизме­нична струја – не знам за што слу­жат? Дали се тие за полнење на батеријата и дали може да има ба­те­рија која може да се дополнува?

Дали може од вас да ги до­бијам соодветните отпорник, кон­ден­затор, батерија и електрична шема? Имам основни познавања од електроника, но без ваша помош не би можел да го поправам.

Владо Арсов

                            

Оштетениот кондензатор има капацитет од 50 nF, толеранција од 5% и максимален еднонасочен на­пон од 630 волти. Отпорникот има отпорност од 36,5 оми.

За да може унимерот US6A да мери отпорност, мора да се инс­талира батерија од 3 волти. Не “по­јака”, туку точно 3 волти, инаку мерењата ќе бидат погрешни! Ба­теријата 2R10 тешко може да се најде, но наместо неа може да се користи ЕДНА литиумска CR123A или CR14505 (овие НЕ се полнат!) кои се со помали димензии од 2R10, па ќе може лесно да се сместат во постоечкото лежиште за ба­те­ри­јата, но ќе мора на некој начин да се поврзат плусот и минусот од ба­те­ријата со соодветните контакти од лежиштето. Или, може да се на­прави надворешно напојување со две сериски споени алкални ба­терии од по 1,5 волти.

Приклучоците од десната стра­на за наизменичен напон НЕ служат за полнење на батеријата (таа НЕ се полни!), туку служат како извор на наизменичен напон за мерење на кондензатори. Со оглед на очи­гледното неискуство, советувам да не се приклучува на наизменичен напон!

Списанието ЕМИТЕР не про­дава отпорници, кондензатори и батерии! Тие може да се купат во секоја продавница за електронски делови. Шемата на унимерот е во прилог на веб-страницата за оваа статија.

Владимир Филевски