Напојување на “Автоматски прекинувач за осветлување” од Емитер 4/2014

Здраво,

Сакам да прашам дали има греш­ка во шемата за автоматски прекинувач за скалично светло од Емитер 4/2014, поточно дали ко­лото LM311 треба да биде поврзано на 230V како што е на шемата или на друго напојување од 12V?

Давор

 

Тоа што го прашувате е јасно напишано во статијата. Дали ја има­те прочитано? ИК LM311 се на­појува од приклучокот за 230V, но тој напон се смалува со компо­нен­тите R7, C4, D1, D2, C5 на вредност од 5,5V со кој се напојува ИК. Ова подетално е објаснето во наве­де­ниот напис “Автоматски прекину­вач за осветлување” од Емитер 4/2014, на стр. 59.

Слободан Таневски