Скалично светло со предупредување

Ве молам за одговор на не­кол­ку прашања:

1. Шемата што ја имате дадено во Емитер 4/2014 за склопот Ска­лично светло со предупредување пред гаснење, дали е точна?

2. Дали имате изработено ва­ков склоп?

3. Дали треба посебно напо­јување за LM311?

4. Зошто се носи 230VAC ди­рект­но на LM311?

5. Дали имате плочка за истиов проект со број ППК1413?

Гоце Ѓорѓиевски

 

Пред некој ден одговарав на слични прашања за истиов проект. По сè изгледа дека ни Вие го не­мате прочитано текстот бидејќи за сè што прашувате е јасно напишано во статијата “Автоматски прекину­вач за осветлување” од Емитер 4/2014.

1. Да, шемата е точна, како што е вообичаено за Емитер.

2. Да, го има изработувано наш соработник.

3. и 4. Не треба посебно напоју­вање за LM311. ИК LM311 се напо­јува од приклучокот за 230Vac, но тој напон се смалува со компо­нен­тите R7, C4, D1, D2, C5 на вредност од 5,5Vdc со кој се напојува ИК. Ова подетално е објаснето во наведе­ниот напис, на стр. 59. Зошто токму така е направено, има објаснување во текстот.

5. Моментално имаме само ед­на плочка ППК1413.

Прашање до Вас – го имате изработено колото или планирате да го изработите?

Поздрав,

Слободан Таневски